БОГОЈЕСКИ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ: ОВА Е СРАМ НАД СРАМОВИТЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ!!!

Објавено на 14.11.2018 во 22:00:22 часот | Македонија

Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Анализа на 24 ТВ изјави дека случајот со Никола Груевски ќе метастазира во наредниот период. 

Според него, ова е преседан во европското право.

Тој изјави дека не е во ред на социјалните мрежи да се навредува семејството на поранешниот премиер, Никола Груевски.

„Мислам дека Гордана и Миле се отрезнија, но проблем е што многу луѓе во мојата партија уште се опијанети, и тоа е голем проблем за партијата. Многу пати го споредуваа со Бог Груевски. Имаме бегство на човек, ова не е Отоманска империја. Ова е срам над срамовите што може да го доживее некој од нас вмровците“, вели Богојески. 

Новинарот Бранко Героски вели дека овој потег на Груевски ќе нанесе штета на оние кои се обвинети, но и на партијата која се обидува да се консолидира. 

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет