ПЕТРЕ САМ СИ ЈА БАРА БЕЉАТА: ВО ПОСЕТА НА БОРДО, ФРАНЦИЈА, СВЕТСКИ ЕПИ ЦЕНТАР НА ВИНСКАТА ИНДУСТРИЈА

Објавено на 15.11.2018 во 01:12:32 часот | Македонија

Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот Шилегов, членови на Советот на Град Скопје, како и на повеќе директори на градските јавните претпријатија се во повеќедневна посета на градот Бордо, Република Франција.

За време на средбата остварени се поголем број на средби со претставници на администрацијата, јавните претпријатија и институции на Градот Бордо од областа на урбанизмот и урбанистичкотопланирање, јавниот превоз, како и подигнување и одржување на зелени површини.

Во рамки на посетата градоначалникот Шилегов оствари билатерална средба со градоначалникот на Бордо, Алан Жипе (Alain Juppe) на која градоначалниците дискутираа на повеќе теми, пред се од областа на инфраструктурата, јавниот превоз и урбанистичкото планирање. Градоначалниците разговараа и за регионалните случувања, како и за продлабочување на соработката помеѓу двата града и можностите за размена на искуства.

Инаку Бордо е град во областа Бордо во Франција каде се прават најубавите француски а со тоа и светски вина.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет