Парадоксално, Шарена Револуција бара од Заев да владее како хунта за да ја казни претходната хунта, ја па мислев за друго сме се бореле, да нема хунта од сад па надаље и у будуќе...

Објавено на 15.11.2018 во 16:33:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ете и тоа го видовме вчера. Шарена Револуција протестира и бара од владата да настапела жестоко за да ја казни претходната власт.

Практично, Шарена бараше вчера Заев да владеел полициски моќно, како хунта против сегашната опозиција, и мимо судот и третата судска власт, владата да апсела и да следела и да прислушкувала све што е на црна листа на шарена револоцуја само за да не се разочараат желните за одмазда!

Ја па мислев се бориме за држава во која секој ќе има шанса да се брани како човек со сите правни механизми на располагање, и ако некој реши да бега, тогаш со тоа ја признава вината, и потоа настапуваат механизмите за негово лоцирање и враќање тамо каде што му е местото?!

Или ја грешка сум?

Ја мислев МВР, ДБК и БЈБ мора да работат или по судска наредба или ако добијат информации дека се спрема некој криминал или закана за безбедноста па тогаш да реагираат пак по одлука на обвинител и суд, а не да се користат како партиска војска за билдање на рејтингот на власта?!

Или ја грешка су?

Ја мислев владата не треба све да знае и да слуша и за све она да биде крива, или ја гршека су?

Медиумите нели требаше да се борат сите за тоа, а не, кога владата работи по процедура да биде масакрирана демек некадарна или имало некаков дил со мафијата?!

Така ли колеги, или ја грешка су?

Тенка е линијата меѓу беспрекорно безбедна држава и диктатура, мора секогаш да се остави слободата да царува по цена да се деси некое срање, инаку срањето ќе се вика режим, така ли колеги, или ја грешка су?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија