Филипче ветува: Правиме напори за повисоки плати на здравствените работници од јануари

Објавено на 15.11.2018 во 20:54:39 часот | Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се прават напори да се обезбедат средства од буџетот за зголемување на платите на сите здравствени работници од почетокот на наредната година.

– Знам точно што се случува зашто имаме континуирана комуникација и со синдикатот на Клинички центар и со Гранковиот синдикат и со здружението на медицински сестри и техничари. Во текот на вчерашниот ден имаше разговори околу буџетот. Некои работи се финализираат. Правиме напори да ги обезбедиме сите потребни средтства. Јас верувам дека ќе успееме заради тоа што сите здравствени работници заслужуваат да го добијат тоа, вели Филипче на прес – конференција на клиниката за дигестивна хирургија по повод реконструкцијата со јапонскат помош.

 

Тој појасни дека иницијалниот план беше лекарите – специјалисти да го добијат покажувањето на почетокот на годината, а средниот медицински кадар и останатите вработените во септември, но сега вели се работи на тоа сите да го добијат зголемувањето на платите од јануари.

– Во следните неколку денови ќе излеземе со конкретни информации, вели Филипче.

Запрашан во врска со Законот за здравствена заштита со кој треба да се реши проблемот со медицинските сестри кои работеле кај концесионерски амбуланти во кои лекарот заминал во пензија, по што сестрите останале без работа, рече дека е веќе пратен во Собранието.

– Во таа насока ја направивме измената на Законот, но тоа нема да важи само за нив. Апсолутно сите доктори, стоматолози и фармацевти кои што работат во приватното здравство сега со новата измена на Законот за здравствена заштита го олеснуваме нивното враќање во јавното здравство, односно без оглас, таму кај што има најголема потреба, посочи Филипче.

Во однос на проблемот со подобрувањето на обезбедувањето на Клиничкиот центар, министерот за здравство нагласи дека се бара решение заедно со Министерството за одбрана и МВР, за преземање на луѓе кои би можеле тоа да го работат.

– Со државните секретари во двете министерства сме во разговори за да видиме која е таа група која што ние може да ја обезбедиме во најкраток рок и тие да бидат присутни како обесзбедување. Станува збор за обид да се најдат лица кои може да ги платиме преку буџетот, а да не правиме посебни постапки. Идеално би било да има припадници на МВР, но и тие се соочуват со сериозен дефицит на кадар. Меѓутоа, имаме алтернатива и ако не до крајот на оваа недела, до почетокот на следната точно ќе знаеме и верувам дека ќе ги обезбедиме тие лица за обезбедување, рече Филипче.

Тоа ќе биде распоредено на критичните места, а тоа се додава, ургентните центри и местата каде се носат итните случаи. Не се планира ангажирање на агенции за обезбедување бидејќи, проценките покажале дека ќе чини прескапо.

Филипче потврди дека има недостиг од вакцина тетанус, но дека е веќе обезбеден и во текот на следната недела ќе биде доставен до сите установи.

-Стануваше збор за недостаток заради тоа што компанијата не го обезбедила во тој период. Меѓутоа од следниот понеделник и вторник ќе биде дистрибуиран во сите амбуланти и болници каде се дава, рече министерот за здравство Венко Филипче. 

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет