ПИВАРА СКОПЈЕ: Поради големиот интерес на младите за бесплатните обуки од програмата „Вештини за успех“, Пивара Скопје одлучи да организира обуки и во останатите градови низ државата

Објавено на 15.11.2018 во 21:00:31 часот | Македонија

Поради големиот интерес на младите за бесплатните обуки од програмата „Вештини за успех“, Пивара Скопје одлучи да организира обуки и во останатите градови низ државата. Наша цел е да едуцираме што поголем број на млади луѓе и да им помогнеме полесно да ги совладаат предизвиците на пазарот на труд. Доколку сакате да ги надградите вашите бизнис и лични вештини погледнете кога ќе бидеме во вашиот град и пријавете се во Едукативниот центар на Пивара Скопје - Мотива на броевите 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680. Предавањата ќе се одвиваат во еден ден од 17 – 20 часот.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет