ИВАНОВ СЕ СРЕТНАЛ СО МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ, АМА НЕ ЗБОРЕЛЕ ЗА АМНЕСТИИ И АБОЛИЦИИ, ТУКУ ЗА БЕРБАТА НА КАЛИНКИТЕ ВО ВАЛАНДОВО

Објавено на 15.11.2018 во 22:09:04 часот | Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по објавата во јавноста на Решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор против лицето Миле Јанакиески, категорично одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука, соопшто Кабинетот на шефот на државата.

– Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со претседателот Иванов која е одржана на 13.11.2018 година, вторник во 16 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. На средбата, воопшто не беа дискутирани темите амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту пак темата аболиција – стои во соопштението.

Од Кабинетот на Иванов велат дека сметаат оти станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Иванов, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот.

– Сето ова претставува груба полициска манипулација и инволвирање на полициски службеници со што се извршени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина. Останува нејасно, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК? Очекуваме итни одговори од Министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1 на дописите од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија коишто беа испратени денеска. Очигледно е дека продолжува практиката на конструкции и генерирање на кризи во македонското општество од неодговорно однесување на припадници на УБК, нешто што Претседателот Иванов го потенцираше во годишното обраќање до пратениците во 2017 година – стои во соопштението.

Од таму додаваат дека Иванов ќе постапува исклучиво согласно Уставот на Република Македонија и неговите надлежности и со никакви притисоци и закани нема да отстапи од тоа.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет