ВЕРНОТО ВМРОВЧЕ, ДИМИТАР АПАСИЕВ СО ЦЕЛ ДА НАНЕСЕ ФИНАНСИСКА ШТЕТА, ГО ТУЖИ МАКТЕЛ ЗА ОБЈАВУВАЊЕТО НА НЕГОВАТА ДИПЛОМА, ИАКО САМИОТ ЈА ОБЈАВИ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ, ЕВЕ ГО ОДГОВОРОТ НА МАКТЕЛ.МК

Објавено на 16.11.2018 во 13:05:05 часот | Македонија

ОДГОВОР НА

БАРАЊЕ ЗА ПРОИЗНЕСУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ ДОКАЗИ  УП1.бр.08-207 од 13.11.2018 ОД ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

      Почитувани,

 

  1. Законски основ и начинот на прибавување на Уверениeто за положени испити на Подносителот:

Законот за заштита на лични податоци во член 4-а вели:  Одредбите од членовите 6, 7, 11, 12, 13, 14, 16, 22 и од 27 до 36 на овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши единствено за: - литературниот и уметничкиот израз и - професионалното новинарство во согласност со етичките правила на оваа професија. 3 Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши за професионалното новинарство, само во случај ако јавниот интерес преовладува над приватниот интерес на субјектот на лични податоци.

Поради ова сметавме дека имаме право да го објавиме документот бидејќи се работи за лицето Димитар Апасиев, еден од лидерите на политичката партија Левица, многу влијателна јавна личност која креира јавно мислење со своите јавни медиски настапи, повици за протести па дури и повици за револуции каде народот ќе ја срушел власта која е демократски избрана со цел да се спречи членството на Македонија во ЕУ и НАТО, па сметавме дека треба да се открие која е позадината на таа негова силна јавна активност и повици за протести и револуции, сакавме да укажеме дека лицето е силно анти западно и про руско ориентирано и дека тоа е причината за неговиот јавен активизам и сметавме дека јавноста има право тоа да го знае.

Во време кога сите учат англиски затоа што цел интернет е на англиски и целата светска литература е на англиски и тоа е јазик на глобалното општество, он решил да учи Руски Јазик,  што наведува дека човекот има некаква лична емоција кон Русија до ниво што таа емоција е можен главен извор за неговиот активизам што како податок сметавме дека е релевантен и дека јавноста има право да го знае тој податок за да знае кој е човекот кој ги повикува на протести и на бунт против моменталната прозападна власт.

Таа емоција кон Русија е можно да е премината и во некаква друга тајна активност во корист на Русија во земјава, ако се знае дека Русија инвестира големи пари за Македонија да не стане членка на НАТО, и ние како новинари треба да укажеме на можните поврзаности на македонски јавни личности со таа активност на Русија во земјава, ако се знае дека лицето Димитар Апасиев е една од клучните личности на отпорот кон договорот од Преспа и можното членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Ние не констатираме ништо, ние само вадиме докази и поставуваме прашања за јавноста да си донесе самата заклучок, ние медиумите за тоа постоиме, да и помогнеме на јавноста да знае повеќе и да биде внимателна и отпорна на манипулации од разни јавни личности кои имаат различни јавни но и тајни агенди.

За начинот на кој го добивме документот, сметаме дека според етичките кодекси во новинарството и според кодексот на новинари на здружението на новинари на Македонија, ние новинарите треба да ги штитиме нашите извори и свиркачи со цел да ги заштитиме од последици за тоа што и помогнале да дојдеме до некој податок, и мислам дека тоа е етички и морално од аспект на медиуми да опстоиме на тој став.

 

 2. Соодветноста, релевантноста и обемноста на личните податоци кои се обработени а во однос на целите заради кои се потребни истите:

Лицето Димитар Апасиев, еден од лидерите на политичката партија Левица, многу влијателна јавна личност која креира јавно мислење со своите јавни медиски настапи, повици за протести па дури и повици за револуции каде народот ќе ја срушел власта која е демократски избрана, па сметавме дека треба да се открие која е позадината на таа негова силна јавна активност и повици за протести и револуции, сакавме да укажеме дека лицето е силно анти западно и про руско ориентирано и дека тоа е причината за неговиот јавен активизам и сметавме дека јавноста има право тоа да го знае. Во време кога сите учат англиски затоа што цел интернет е на англиски и целата светска литература е на англиски и тоа е јазик на глобалното општество, он решил да учи Руски Јазик, што како податок сметавме дека е релевантен и дека јавноста има право да го знае тој податок за да знае кој е човекот кој ги повикува на протести и на бунт против моменталната прозападна власт.

Исто така, тој себе се преставува за многу интелигентен, умен, начитан, екстремно поткован правник, со ароганција ги исмева сите со кои не се согласува, па сакавме јавноста да знае дека лицето сепак студирало речиси 10 години на факултетот со цел преполагање на испитите до бескрај за да извади високи оценки за потоа да се фали наоколу со тој висок просек и со тоа да го билда својот рејтинг во јавноста како генијалец, па сметавме дека јавноста има право да го знае и тој податок за да добие подобра слика за јавната личност, политичарот и револуционер Димитар Апасиев.

 Дека се работи за податоци кои подносителот на преставката сепак не сака да ги крие од јавноста, што е во спротивност со оваа преставка, доказ е фактот што самиот го објави документот на својот фб профил каде има над 20 000 следбеници и пријатели, многу повеќе од што беше читана сторијата на нашиот веб сајт. Доказ за тоа во прилог. Зошто тогаш нас не тужи преку вашата институција, освен ако не сака преку вас да ни нанесе финансиска штета и да не замолчи во иднина да објавуваме за него други документи, кога веќе самиот го објави истиот документ пред многу поголема публика од што е читан нашиот сајт? Ние имаме 10 000 редовни читатели на Мактел.мк, додека тој има над 20 000 пријатели и следачи на неговиот фб профил?

 

3. Кои технички мерки ги користиме за обезбедување тајност и заштита на лични податоци при објава на документи со лични податоци:

Документите ги обработуваме со алатката PAINT каде ги затемнуваме со црно лицата и податоците кои треба да бидат заштитени кога се работи за физички лица кои не се јавни личности и не се носители на јавни функции или не се дел од раководства на политички партии или менаџери и управители на правни лица кои прават дејанија кои се со поголема јавна тежина од заштитата на тајноста на личните податоци на тие лица.

 

4. Интерни правила на Популарни Книги ДОО при обработката на лични податоци.

Правното лице Популарни Книги ДОО како издавач на порталот Мактел.мк при обработката на личните податоци се базира на правилата кои се наведени во кодексот на новинари на здружението на новинари на РМ каде стои:

1.Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

2. Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.

3. Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

4. Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

5. Новинарот ќе ги почитува законите во дрожавата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

6.Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист.

Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија.

Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

8.Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

9.Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето.

Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат.

10.Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка...).

11.Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.

12.Плагијаторството е неприфатливо. 

Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

13.Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

14.Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

15.Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

16.Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

17.Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.

 

                                                                                          Управител на Популарни Книги ДОО

                                                                                               Саше Ивановски

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет