ЗАЕВ ОДИ ВО КОНТРА НАПАД: СО ОБВИНУВАЊЕТО ДО УНГАРИЈА ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ГРУЕВСКИ, ЗАЕВ МУ ЗАДАДЕ УДАР МЕЃУ НОЗЕ НА ОРБАН!

Објавено на 16.11.2018 во 21:23:33 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Со обвинувањето кон Унгарија дека го киднапирала Груевски, Заев и владата ја започнаа битката за екстрадиција на поранешниот премиер побегуља.

Погледнете колку тоа профи го изведе нашиот премиер. Прво кажа дека ќе се потрудат да не ги нарушат односите со Унгарија, ја повика да докаже дека уште ни е пријателска земја, и после, дангере дирек меѓу јајца го зачука Орбан - дали го киднапира, што мајка бараш да го возиш со кола од Тирана до Будимпешта преку 4 граници и цел балкан?!?!

Ова е маестрален потег на Заев, секако во содејство и договор со Димитров, Меркел, Хан, Бејли, Мичел и цела западна хемисвера од Кале па се до Пентагон!

И уверен сум дека крајниот исход ќе биде позитивен за Македонија, паторчето ќе мора да биде испратен спакуван како пакетче нарачано од Али Експрес!!!

Орбан сега ќе мора да се брани од онвинувањето за киднапирање и од останатите обвинувања кои ќе следат на негова сметка, ЕУ веќе почна со обвинувања дека тој сака да направи војна на балканот, дека сака да ја растури ЕУ, ова ќе биде притисок кој дури и Орбан нема да може да го издржи.

Голема грешка која ќе мора да ја поправи, барем ќе му се правда на Грујота дека ете пробал да го спаси, али ете, виша сила, морало да го врати, не можел да оди против цел свет и на крај се тоа ќе се заврши со тоа што Грујо ќе заврши или во Шутка или ќе се обеси.

Ќе видиме, дека ќе биде драма, ќе биде, со Грујо нема досадно...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија