АЈДЕЕ, НЕМА ВЕЌЕ МРСНИ БУТОВЕ ЗА ВЕРНАТА КУЧЕТА: ДУРИ И МИЛЕНКО ГО ОСУДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЈО, ГО НАРЕЧЕ КУКАВИЦА, НЕ БИЛО ФЕР ШТО ГИ ЗАФРКНАЛ МИЛЕ И ОСТАНАТИТЕ КОИ СЕГА ЌЕ СКАПЕЛЕ ВО ЗАТВОР!

Објавено на 17.11.2018 во 00:30:16 часот | Македонија

Миленко пишува  во Дудинка:

Повеќепати сум пишувал дека масовни апсења (за да се покрие цензусот за Црвенковски 2004-та), чудни случки (тепањето албанци во Гостивар за да помине девалвацијата) и слично, се стара и докажана тактика за подигање димна завеса.

Груевски, односно неговото заминување, е дел од ова сценарио за разнебитување на државата.

Краткотрајната радост и еуфорија дека Грујо ги заебал, сепак треба да се види со вистински очи.

Убеден сум дека тој е главниот виновник за она што сега ни се случува. Немаше мандат од нас да преговара и договара незаконски и противуставно во Пржино. Немаше мандат за “Мајскиот договор“ со Ахмети. Немаше мандат за било каков Прибе или Ван Хојте, немаше мандат за техничка влада со битните министерства да ги даде на комуњарите. Немаше мандат да дозволи несанкцинирано да дивеат и уништуваат шарените.  Негов е изборот (кастингот) на предавниците Сашо Мијалков, Нола Исмаилова, Љубен Арнаудов, Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Елизабета Камчевска Милевска, Никола Тодоров, Чедо Саздовски, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Лиле Поповска, Павле Трајанов и другите. Тој немаше мандат од нас да ја напушти владата и премиерското место. Немаше мандат од нас да ги одложи изборите во април 2016 и летото истата година. Немаше мандат да ги предаде локалните избори 2017-та.

Немаше мандат и немаше право да бара да бидат апсени и прицесуирани патриотите од 27-ми. Зради него лежат Горан Ќосето, Игор Југ, Ченто, Тошта и останатите.

Тој, исто така, нема мандат пред Бога со своето заминување да ги набута во притвор Миле Јанакиевски и Кире Божиновски. Вакви или такви, тие се татковци на мали деца. Вакви или такви, беа редовни на секое судење, и редовни на секое пријавување во суд. Интерсно, за Сашо Мијалков специјалната Катица Јанева изјавува: “Не побаравме притвор за Мијалков бидејки до сега ги почитува мерките и се појавува на суд“! Ако е тоа критериумот за не одредување мерка притвор, тогаш исто такви почитувачи на мерки и појавувачи на суд се и Јанакиевски и Божиновски. Зошто за нив притвор, а за Сашо не.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет