Учество на МНР Димитров на тркалезна маса на тема „Говор на омраза”, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата: Ние, во нашата колективна култура имаме традиција на толеранција и прифаќање на различностите

Објавено на 17.11.2018 во 00:46:21 часот | Македонија

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Соопштение до средствата за јавно информирање

Учество на МНР Димитров на тркалезна маса на тема „Говор на омраза”, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествуваше на тркалезна маса на тема „Говор на омраза”, организирана од страна на Инер Вил Клуб Скопје Еуропеа, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.

Во таа прилика, министерот Димитров посочи: „Ние, во нашата колективна култура имаме традиција на толеранција и прифаќање на различностите. Но, тоа треба постојано да се негува и да се внимава на предизвиците. Притоа да се има предвид и дека неограничената толеранција води до загрозување на самата толеранција и дека слободата на изразување не го прави говорот на омраза дозволив во едно демократско општество.”

16 ноември е прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата со резолуција на ООН 51/95 во 1996 година.

Скопје, 16 ноември 2018 година

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет