ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Па, чекај малку, бе, па тоа е како да издржиш некој да те силува шестотини години, ти да трпиш и на крајот, кога човекот сака да те погали по главата и да те однесе на сладолед, ти му викаш: е сега ќе ти ја ебам мајката, ќе видиш ти кој е и што е Македонецот!

Објавено на 18.11.2018 во 11:14:16 часот | Македонија

Протест на будалите

Вика вака: издржавме фашизам, ропство, комунизам!
И не се предадовме!
Логично би било во продолжение да каже: ќе ги издржиме и уставните промени!
Зашто, уставните промени, во споредба со шествековното ропство, со фашизмот и со комунизмот, во кој, бај д веј, се родени и Републиката и нацијата, се пичкини димови, сепак.
Но, не!
Тој вика: сега му е мајката да не потклекнеме!
Па, чекај малку, бе, па тоа е како да издржиш некој да те силува шестотини години, ти да трпиш и на крајот, кога човекот сака да те погали по главата и да те однесе на сладолед, ти му викаш: е сега ќе ти ја ебам мајката, ќе видиш ти кој е и што е Македонецот!
И знаеш ли што ќе рече овој што сака да те носи на сладолед?!
Не знаеш!
Јас ќе ти кажам: БУДАЛА!
Освен тоа, им викаш да не седат дома на оние што вчера ги тераше да не излегуваат од под јорганот за да не гласаат за тоа за што денеска сакаш да протестираш. 
Па ти не си само будала, ти су ЛУД, бе!

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет