ШОКАНТНА БОМБА НА НИНЏА ВО СУДНИЦА: УПАДОТ НА 27-МИ АПРИЛ СЕ УПРАВУВАШЕ ОД 8-МИ СПРАТ ВО СЕДИШТЕТО НА ВМРО ДПМНЕ, ТАМУ БЕА ШЕФОВИТЕ НА ДБК, ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ, АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ, МВР...

Објавено на 06.12.2018 во 12:52:34 часот | Македонија

„Кај 19 часот пешки тргнав кон Собранието. Го видов началникот на Петтата управа Никола Бошкоски, Борислав Богдановски од управата и други. Лицата веќе беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница, ја надгледувавме ситуацијата. Му свртевме на Никола Митревски – Кољо. На Никола Бошкоски му јавивме дека внатре тепаат пратеници. Бошкоски ни кажа дека има луѓе за прикриени операции и отворен прозор на првиот кат, за евакуација на фантомките“, сведочи Нинџа.

Потоа, како рече Нинџа, Никола му се јавил на Атанасовски и му кажа дека внатре ситуацијата излегла од контрола. Директорот на УБК цинично одговорил: „Комуњарите сакаа да бираат претседател? Така им е!“.

„Во штабот на осми кат е и лицето шеф на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски, и во секој момент може да биде прогласена воена состојба. На една од клупите во Жена парк го сретнав Горан Грујевски. Со него беше Дракче од Крива Паланка од секторот за обезбедување и документирање. Поседов со него, Бошкоски отиде кај колегите од УБК. Горан ми кажа дека под прикриени операции внатре има луѓе од военото разузнавање. Секој момент ќе биде прогласена. Одеднаш доби повик. Рече: ’Ова не е на арно. Некој друг ја презеде контролата!‘, сведочи Нинџа.

Линк до сторијата, овде.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет