НИНЏА ШОУ ВО СУДНИЦА: Чавков им даваше насоки на началниците од МВР Митко Пешев и Ивица Вучевски пасивно да делуваат во Собранието

Објавено на 06.12.2018 во 15:33:09 часот | Македонија

Со прашања од судијката Добрила Кацарска, заврши вкрстеното испрашување на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој претходно даде широк и детален опис на настаните од 27 април, при што откри и нoви имиња кои стоеле зад операцијата.

Клучното прашање на Кацарска беше кој го осмислил сценариото за упадот во Собранието и за она што потоа се случуваше, на што Нинџа одговори:

– Јас мислам дека тоа е смислено заради случаите на СЈО, тогаш беа во тек, со цел да се одврати вниманието на јавноста, да се искористат настаните за да се промени јавното мнение – рече Нинџа.

Кацарска го праша обвинетиот и дали според него тогашниот министер за внатрешни работи контактирал со обвинетиот екс директор на БЈБ, Митко Чавков.

-Јас можам да кажам само дека според мене Чавков беше целиот исплашен. Од кои причини самиот нека каже, но на неговото лице можеше да се види страв. А со кого разговарал, не знам – рече Нинџа за неговото присуство во штабот на ВМРО ДПМНЕ на критичниот ден.

Тој посочи дека Чавков им давал насоки на началниците од МВР Митко Пешев и Ивица Вучевски пасивно да делуваат во Собранието.

-Никогаш претходно не ми беше кажано што треба да се случи тој ден, никогаш не ми беше дадена насока што треба тој ден да се прави. За другите не знам. Но, се знаеше дека кога тогаш ќе треба да се избира претседател. Не сум ни замислувал некогаш во мојот мозок дека тоа што го видов нивната глава може да го свари и да го смисли“, рече Нинџа.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет