АЈДЕЕ, НИНЏА ГО МАСАКРИРА БЕТМЕН ВО СУДНИЦА: Ти едно време беше против ВМРО ДПМНЕ, ама после смени лента и беше богато награден за тоа!

Објавено на 06.12.2018 во 15:44:35 часот | Македонија

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа денеска одговараше во вкрстеното испрашување и на прашања од обвинетиот Богдан Илиевски, или Бетмен Велит.

Во одговорите Нинџа рече дека го видел обвинетиот Илиевски во неколку наврати во штабот на ВМРО ДПМНЕ непосредно пред упадот во Собранието.

Во своите прашања Илиевски го навреди Нинџа по што беше опоменат од судијката Добрила Кацарска. Илиевски го праша дали оперативните вештини како ангажиран од УБК ги стекнал во трети и четврти степен во средното училиште Коце Металец, каде Нинџа зацршил средно образование.

-Јас сум човек од 15 годишна возраст на улица. Тоа искуство се учи на улица, а имам и широк круг на пријатели – рече Нинџа по што судијката му се обрати на Илиевски и му рече да внимава да не го навредува обвинетиот со своите прашања.

Потоа Илиевски го праша Нинџа дали се сеќава дека бил и на протестите против изградба на црква на плоштад, како и на протестите по убиството на Мартин Нешковски. Нинџа во својот одговор го потсети Бетмен дека едно време пишувал и против политиките на партијата која потоа го наградила.

– Помеѓу 2013 и 2014 година знам дека бевте колумнист и дека пишувавте против политиките на ВМРО ДПМНЕ, но вашите вистински ставови потоа го покажавте за што и бевте награден со функција во извршниот комитет на партијата – рече Нинџа по што Илиевски немаше повеќе прашања до него.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет