Нинџа: Бришкоска ја издаде наредбата да се отворат вратите на собрание!

Објавено на 06.12.2018 во 16:23:57 часот | Македонија

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа денеска во судот дава своја одбрана за случајот со настаните од крвавиот четврток. Тој во моментов одговара на прашањата на судијката Добрила Кацарска.

Таа му рече да посочи какви разговори сѐ слушнал додека во периодот од 18.15 до 19.15 часот бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 8-ми кат, каде претходно Нинџа рече дека биле Билјана Бришковска Бошковска, Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, како и директорот на УБК Владимир Атанасовски.

– Спиро Ристовски разговараше со Бетмен. Кире Божиновски вртеше по општинските комитети низ цела Македонија, од Охрид до Гевгелија. Миле Јанакиески имал контакт со пратениците – рече Нинџа

За Билјана Бришкоска Бошковска рече дека контактирала со Трајко Вељаноски.

– Знам дека таа лично му даде наредба на Вељаноски пратениците да ги отворат вратите – рече Нинџа.

Тој за Чавков рече дека контактирал со Ивица Вучевски и со Митко Пешов од МВР кој исто е меѓу обвинетите.

– Знам дека Чавков им даваше насоки пасивно да делуваат – раскажа Нинџа, кој додаде дека Чавков бил целиот исплашен, а од кои причини, рече, он нека си каже.

Кацарска го праша, според него, кој е организаторот на 27 април.

– Мислам дека тоа е смислено поради случаите на СЈО, бидејќи тогаш беа во тек па да се отфрли вниманието на јавноста. Да се искористи еден настан и да се промени мислењето на еден народ. Тие што ги посочив, тие треба да кажат. Јас само делував – рече Нинџа.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет