Објавено на 06.12.2018 во 17:14:36 часот | Македонија
ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче премина кон еколошки начин на загревање користејќи пелети наместо нафта.
По тој повод заедно со заменик-министерот за животтна средина и просторно планирање Јани Макрадули го посетивме училиштето и извршивме увид на новиот котел што почна да работи на пелети.
Очекувам дека ќе придонесеме за намалување на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух и за наредната година планираме сите училишта од Општина Аеродром да преминат кон овој еколошки начин на затоплување.