ГОСПОДЕ БОЖЕ - Иванов го потврди сведочењето на Нинџа – неговиот генерален секретар Јосифовски на 27 април бил во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на 08.12.2018 во 00:06:46 часот | Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов, во одговори на новинарски прашања по своето обраќање вечерва, сепак го потврди исказот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа во судот, или бар дел од неговото сведочење.

„Заменик началникот Никола Бошковски го побара директорот на УБК, Владимир Атанасовски велејќи му дека во Собранието е хаос, по што Атанасовски цинично му одговорил „комуњарите сакаат да бираат претседател, така им е“ и го извести дека во тој момент во штабот на 8 кат е шефот на кабинетот на претседателот Иванов, Борис Јосифовски и дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба“, рече Нинџа во судот.

Одговарајќи на новинарски прашања Иванов рече дека судот ќе каже кои се вистинските нарачатели на настаните на 27 април.

– Целиот ден бев со мојот Кабинет. И вечерта дома кога го видов настанот на телевизија побарав од мојот генерален секретар да го свика Кабинетот, тука бевме речиси до после полноќ, ги следевме ситуациите преку телевизија и во тие моменти се подготувавме како да ја смириме нацијата, која порака да ја пратиме, да ги смириме тензиите бидејќи состојбата можеше да излезе од контрола, рече Иванов.

Советник од неговиот Кабинет не бил во зградата на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април, вели Иванов и додаде дека бил генералниот секретар Борис Јосифовски и за тоа има дадено исказ кај јавниот обвинител.

– Мојот советник за национална безбедност Алексовски беше упатен на службен пат и требаше да стигне во Вашингтон. Кога се случи настанот го барав под итно да се врати, го симнав речиси од аеродром од Истанбул, бидејќи тргна со автомобил за Истанбул и го вратив да дојде. Тој некаде во еден часот после полноќ пристигна. Така што, тој сите извештаи што ги има, ги има доставено до Обвинителството. Мојот советник секои шест месеци е подложуван на полиграф. Би сакал и другите советници како мојот советник за национална безбедност да одат на полиграф и таму да докажат дека тоа што го работат навистина не се коси ниту со закон, ниту со правила на службата. Јосифовски го побарав да дојде и да го свика Кабинетот кога ги видовме настаните на телевизија, рече Иванов, дополнувајќи дека се видело дека Јосифовски бил во партијата.

Од кај нас, посочи Иванов, не истекле класифицирани информации.

– Постојано повикуваме и укажуваме дека е казниво истекувањето класифиицирани информации. Во медиумите имаше објавување државни тајни. Кој дозволил државна тајна да излезе од УБК?, праша Иванов.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет