НАЈГОЛЕМ ХУМАНИСТ И ПАТРИОТ ВО ЗЕМЈАВА Е ГАЗДАТА НА КАМ МАРКЕТИ, ГОЦЕ КАМЧЕВ

Објавено на 12.12.2018 во 01:00:08 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Кам Маркети не се спонзори на Мактел.мк ниту па има некаква соработка, официјална или неофицијална. Спонзори на Мактел се Рамстор Маркети, каде често купуваме со моето семејство и сме многу задоволни со услугата. 

Причината зошто често купуваме во Рамстор маркетите е затоа што ми се допаѓа целиот пакет кој го нуди Рамстор Мол во центарот на градот, има банки, менувачници, аптеки, ресторани за храна, авто перални, продавници за облека и секако, супер маркет за храна. Па така често одиме да смениме пари, да измиеме кола, да се најадеме, да купиме парче облека, да платиме сметки во Вип, да купиме намирници за дома, сето тоа на топло со бесплатен паркинг, прекрасно... Па ем молот е во центарот на градот па може и да шетнеме низ центарот еден круг додека ќесите не чекаат во гепек во колата паркирана околу Рамстор.

Но оваа колумна не е наменета за нашиот спонзор, туку за Кам Маркети. Зошто?

Затоа што ја гледам пред мене сметката што ја направивме во Тинекс Маркет во Кисела Вода и има што да видам. Сумата е навистина огромна, 9000 денари за намирници за една недела?!?!

Изнервиран од оваа луда сметка, отворив на ФБ групата на Кам Маркети и ги гледав акциите и попустите и одев производ по производ. Заклучив дека производите во Тинекс сум ги платил или исто, вакви се најмалку производи, или 40% поскапо, или дупло поскапо, а има и такви кои се 3 до 4 пати поскапи?!?!?!

Ова значи дека ако сум ги купувал истиве работи во КАМ МАРКЕТ, ќе сум плател околу 6000 денари наместо 9000 денари!!! Цели 3000 денари ќе сум заштедел?!?! Само од едно купување?!

А што е ако ова го помножиме со недели, месеци, години, колку ли пари може да се заштедат со пазарување во Кам Маркети?!?!

Мислам дека Кам Маркети се добри поради неколку прочини. Лесно е да најдете тоа што ви треба, мала дистанца има за одење од влез до каса, пошто е мала квадратурата, нема можност да забегате со трошење, производите се квалитетни, претежно германски, цените се многу ниски. Единствен проблем е што се чека малку подолго на каса, но не како во Стокомак.

Мислам дека Кам Маркети му имаат заштедено на македонскиот народ стотици милиони евра за изминатите 20 години колку што постои ланецот маркети. Не ме чуди што направиле бум и во Бугарија и во Албанија. Овие маркети исто како Лидл и Алди маркетите, ви нудат повеќе куповна моќ за парите што ги имате.

Газдите на овие маркети со својот бизнис модел се вистински патриоти и хуманисти, буквално му подаруваат на народот стотици милиони евра преку штедење и ниски цени. ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА ГОЦЕ КАМЧЕВ!!! Истото важи и за газдите на Стокомак.

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија