ОТЕЦ ПИМЕН, РАЗБИРАМ ДЕКА ХРИСТИЈАНСКИ САКАШ ДА СПАСИШ ЕДЕН ГРЕШНИК, НО ТИ ПРЕДЛАГАМ ДА ГО ПОСЕТУВАШ ВО ЗАТВОР А НЕ ДА СЕ ОБИДУВАШ ДА ГО ИЗВЛЕЧЕШ ОД ТАМУ СО ДРСКИ ЛАГИ И ДА СЕ БРУКАШ!

Објавено на 13.12.2018 во 18:23:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Народот против Лари Флинт би го нарекол денешниов ден. 
Едни ќе се разочараат што сум сведок, други ќе велат дека сакам да се рехабилитирам, но мене ми е битно што се одважив на барање на моето духовно чедо, другар и брат со кој сме се расправале за и делеле ставови, да потврдам дека не се сомневам во неговите искрени намери.
И ич не ме интересира судот на јавноста.
Мое беше да кажам како го знам Бобсон и да верувам дека ќе има влијание моето сведочење, а ваше е да ми судите според вашите страсти.

 

Прво, треба да се срамиш со фактот што Бетмен ти е духовно чедо. Тој човек со своите говори и постапки бранеше режим, мафија, банда криминална која тепаше и газеше се пред себе.

Ок може тоа го правел од идеологија а не за пари, за што длабоко се сомневам, но е можно, тоа сепак не го прави добар човек.

Второ, сакаш да му помогнеш да не скапе во затвор, ок разбирам. Но зошто со лаги, зошто со брукање на себеси како владика на МПЦ? Зарем не знаеме сите што збореше Бетмен два месеца пред собрание, па има интернет бе попе, говорите и сега може да се слушнат како го хушкаше народот да влезе и да коља.

Ако сакаш да го спасиш, речи млад е, згрешил, простете му, и после оди редовно да го посетуваш во затвор и да пробаш да го кренеш како човечко битие, она што не ти успеало како негов духовен отец досега.

Но немој бе попе да кажуваш дрски комични лаги дека он бил недоветен и некаков миртотворец кој со раширени раце ги сопирал сите да влезат во собрание, дај да не се заебаваме, омразата и желбата за крв му се гледаше и во очите и во гласот, од душата му извираше како вулкан со месеци.

Дури и на социјалните мрежи повикуваше сите да бидат спремни, се знаеше во партија што се спрема, он беше член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Отец, твоето христијханство и твојот поглед на светот мислам дека е злоупотребен од оваа банда ВМРО-вска.

Те злоупотребија кога требаше да ставиш потпис за Хорхе, те злоупотребија и сега. Чувај се попе, твојот идеализам некој сака да го злоупотреби и да те избламира.

Ти си многу добар човек, но како мало дете си во овие проклети времиња и настани.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија