АПЕЛ ДО МЛАДИТЕ: Не студирајте факултет, не гледајте фудбал, почнете со свој бизнис уште на 17 години, да, предлагам и средното да го баталите и тоа што порано, тоа подобро!

Објавено на 15.12.2018 во 21:50:45 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сега на близу 40 години кога ќе погледнам назад, мислам дека имам направено неколку грешки кои ако не ги направев многу ќе ми помогнеше во животот.

Како прво, не требаше да идам на факултет, безмалку фрлени 10 години од мојот живот, затоа што немав пари за тоа па паузирав секоја година затоа што една работев, една учев...

Како второ, не требаше да работам за други толку долго, одамна требаше да работам за себе одамна, требаше да почнам од тезга на пазар па да одам нагоре и за 20 години досега ќе имав ланец како Тинекс Маркети.

Како трето, не требаше да изгледам толку многу филмови и толку многу фудбалски натрпевари и сите летни и зимски олимпијади, и сите тениски мечеви од 2000-та до 2010-та...

Сум потрошил едно 5 години од мојот живот во гледање филмови и булење во телевизор. Тоа е една десетина од мојот активен живот кој ќе го имам додека сум жив, трагедија.

Само не ми е криво што гледав толку многу парламент и политички дебати, сега од тоа живеам, само за тоа не се каам.

Мојата порака до младите кои сега ова го читаат а имаат 20-тина години е да баталат факултет и да се фатат за работа, прво за други а потоа и за себе.

Мислете само на пари, све друго заебете, и другарство и женски и роднини и све. Само парите се битни, ништо друго не е битно.

Тоа не значи дека не треба да имате пријатели, но само такви кои ќе ви помогнат во животот, не такви со кои ќе безделничите и тонете, туку такви со кои взаемно ќе си помогнете.

Бидете фини со луѓето, љубезни, бидете добар и пријатен човек, но себичен, мислете прво и најмногу на себе, помогнете ако можете, но не по цена да си наштетите на себе. 

Не правете никому зло, не бидете гад, не бидете арогантен, болно алчен, бидете алчен, но на долги стази, и во разумни количини.

Не бидете мрза, плачко, фантазер без акција, разгален гневен шупак, бидете силни, вредни, почитувајте постари, учете од нив.

Грешките кои за среќа не сум ги направил е, што не сум земал дрога и не сум се бавел со криминал, и тоа не смеете ни да помислите да го правите.

Вложете во себе, вежбајте, бидете здрав, фит, научете да се тепате, ќе ви затреба некогаш.

Но пред се, печалете пари и штедете. Тоа се најважните работи во животот, штета што некој тоа не ми го потенцираше кога имав 15 години, навистина штета!!!

Што порано влезете во работна активност и правење пари, тоа подобро. Почнете за време на средното, ако можете баталете го и средното, учете нешто стручно до 3 години, научете некој занает, ќе ви се најде.

Научете да правите пици, да бидете келнер, работа на шанк и правење коктели, земете возачки за камион, тоа секаде ќе ви се најде, на секоја точка од земјината топка, никогаш нема да трпите за леб. Научете и да шишате, сите луѓе на целата земјина топка би платиле за да ги ошишате, најадете и напиете. Би платиле тие и многу други работи, но ја ви кажувам што е најбрзо да се научи а во исто време најдостоинствено за вас за да спиете мирно после работа.

П.С Ако се сомневате во кажаново, да ви раскажам дека пред некое време седев на кафе со газдата на Сивус, најголемата софтверска компанија во земјава која вработува 500 програмери во земјава и 500 надвор од земјава. Човекот е мулти милионер, од мене е постар само неколку години, а не само што нема факултет туку и нема речиси ниту средно, првата работа му била растоварање мебел. Сериозен сум, вистинска приказна.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија