ТРАГЕДИЈА: ШТИПСКИ АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТ КАЈ ЛЕСКОВАЦ, ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ НА МЕСТО, НАД 30 ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ!

Објавено на 16.12.2018 во 10:14:28 часот | Македонија

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Лесковац во 1 часот и 40 минути по полноќ, јави РТС. Автобусот кој патувал од Скопје кон Белград, според првичните информации, се превртел откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат. Според РТС, станува збор за прилепски автобус, кој патувал кон Виена, но оваа информација не е официјално потврдена. Од српски „Блиц“ пак имаат информација дека станува збор за автобус кој сообраќал од Штип кон австриската престолнина.

Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите повредени, од кои некои потешко, се надвор од животна опсаност.

Во болницата во Лесковац се пренесени 28 лица, додека четири со посериозни повреди се хоспитализирани во болницата во Ниш, кој завршиле на хирургија но тие се надвор од состојба опасна по живот, пренесува РТС.

На самото место, екипите затекнале стравотна глетка на автобус превртен во снежната лапавица. Очевидци за српските медиуми изјавиле дека автобусот бил превртен на страна, а тројца патници биле затекнати без знаци на живот. Тимовите за брза помош од Лесковац, кои први пристигнале на местото на настанот, им помогнале на повредените и извршиле пребарување. Имало и патници кои биле заробени во автобусот. Тие биле извлечени од припадници на единицата за спасување.

Полициски екипи излегле на местото на несреќата, каде е направен увид, но уште не се соопштени причините за овој сообраќаен инцидент.

Како што информираат српските медиуми, во Лесковац вчера врнело дожд, а од полноќ непрекинато почнал да паѓа сенг, па се претпоставува дека можна причина за несреќата е лизгавиот коловоз.

За трагедијата јавува српски Блиц.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет