ВИДЕО: Маж на возраст од 68 години и две жени се загинати, четири лица се борат за живот во автобуската несреќа кај Лесковац

Објавено на 16.12.2018 во 14:57:57 часот | Македонија

Маж на возраст од 68 години и две жени кои сѐ уште не се идентификувани се загинатите во тешката автобуска несреќа што се случи ноќеска кај Лесковац, потврдија од МНР за 1ТВ.

Се работи на идентификација на двете загинати патнички.

Министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград патуваат кон местото на несреќата.

МНР за 1ТВ соопштија и дека за сега официјално од српските власти ја имаат добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC.

Лекарите од Ургентниот центар во Ниш соопштија дека кај нив се донесени четворица тешко повредени пациенти, а во болницата во Лесковац другите 28, сите надвор од животна опасност. Во продолжение погледнете ги изјавите од српските лекари.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет