(ВИДЕО) ЗАГИНАТИТЕ ПАТНИЦИ НАЈВЕРОЈАТНО НАСТРАДАЛЕ ПОРАДИ ХИПОТЕРМИЈА И ГУБЕЊЕ НА КРВ ЗАТОА ШТО 1 ЧАС БИЛЕ НА МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ДОДЕКА ДА БИДАТ ИЗВАДЕНИ ОД АВТОБУСОТ!

Објавено на 16.12.2018 во 15:35:05 часот | Македонија

Патниците биле раскомотени во топол автобус со парно греење, и одеднаш излетале и се скршиле стаклата и почнале да губат крв во зимска ноќ со минусни температури. Најверојатно загинатите настрадале од хипотермија и губење на крв.

Расфрлани торби, перничиња и други предмети што ги употребувале патниците на автобусот што се преврте на патот кај Лесковац, а сообраќаше од Битола за Виена, затекна екипата на 1ТВ на местото на несреќата.

Новинарката Весна Велкова Тодоровска која се јави телефонски во вонредните вести на 1ТВ, разговараше со еден од повредените кој раскажал дека речиси сите патници во автобусот спиеле бидејќи било ноќ и не можат да потврдат што точно се случило.

Одеднаш слушнале силен тресок и виделе дека автобусот ја поминува заштитната ограда од автопатот кај Лесковац. Возачот и совозачот не се повредени, но според српските агенции им било кажано дека не смеат да даваат изјави.

Еден од патниците кој на местото на несреќата си го барал пасошот за да може да го продолжи патувањето изјавил дека слушнал викотници, видел луѓе со крвави глави и раце, некој рекол дека има и загинати и не се сеќава кој и како повикал брза помош, но таа пристигнала за половина час.

Неофицијално, според патникот, попат врнело дожд, но почнало да врне и снег. Тој потврдува дека патот не бил расчистен во текот на ноќта, а чистењето почнало дури откако се случила тешката сообраќајна несреќа.

Началникот на нишката полиција изјави за 1ТВ дека веднаш притекнале на помош и поминале тешка ноќ, со оглед на тоа дека била ангажирана и противпожарна екипа за да го исече автобусот и да ги извлечат патниците.

Во текот на денот се очекуваат официјални детали за несреќата од српските и од македонските власти.

втобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часоте на струшката компанија „Еуробус“.  Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена. Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи изјави дека автобусот, произведен во 2006  година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

-Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Според досега објавените информации, во несреќата  загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

-28 пациенти се доведени во општата болница во Лесковац. Од нив четворица се примени на хирургија, еден е опериран, еден пациент е примен на ортопедија и 23 пациенти се кај нас, во службата за ургентна медицина, со полесни телесни повреди, велат докторите од нишкиот ургентен центар и додаваат дека сите се надвор од животна опасност и очекуваат состојбата да се стабилизира.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, вкупно 23, се со полесни повреди.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет