ОВОЈ УЖИВА ДА ЈА ВАДИ ОД ПАМЕТ ЈАВНОСТА: Кој не сака да се жени нека оди во манастир, им препорача Владиката Петар на младите

Објавено на 19.12.2018 во 09:50:00 часот | Македонија

Митополитот преспанско-пелагониски Петар  ги повика младите или рано да се женат и мажат и да формираат здрави семејства, пред сѐ духовно и физички и интелектуално, а потоа ако некој „не е да се жени или да се мажи, имаме сто манастири во епархијава да го наполниме барем нив“. Владиката, познат по радикално конзервативни и често дискриминирачки ставови и противник на женските права, ова го кажа на денешното одбележување на заштитникот на Битола Свети Нектариј, пишува СДК.

„Инаку животот е бесцелен ако луѓето не ја постигнат целта, а таа е спасение на душите, а спасението се постигнува на два начина – преку заедницата брачна или преку посветувањето на бога како монаси или монахињи“, рече владиката Петар.

Тој апелираше до младите да го следат примерот на заштитникот на Битола Нектариј, кој бил побожен и се замонашил, да се запазат христијанските вредности во услови кога семејствата се распаѓаат, има сѐ повеќе разводи на браковите, како и немажени, неженети возрасни луѓе.

Владиката уште рече да не кукаме по младите кои заминаа, туку тука да им создадеме услови да останат.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет