МАКЕДОНИЈА ГЛАДНА ЗА КВАЛИТЕТНА ЗАБАВА: ПРВИОТ ПРОДАЖЕН ДЕН ЗА КОНЦЕРТОТ НА СТИНГ НА ГРАДСКИ- ПРОДАДЕНИ ОКОЛУ 10.000 БИЛЕТИ!

Објавено на 19.12.2018 во 22:30:43 часот | Забава

Драги пријатели,

Ве информираме дека околу 10.000 среќници од Македонија и од регионот си обезбедија денес, на првиот продажен ден, влезници за уникатното задоволство, легендарниот Стинг да им ги отпее најголемите хитови на 02-ри јуни во арената "Филип Втори", на голем open air концерт.

Според нашите статистики, билети набавуваат фанови од речиси сите земји од регионот, што е фантастичен доказ дека музиката е тоа што може да нè обедини сите!

Кога се во прашање категориите на влезници, Ве информираме дека најмногу се продаваат тие од Партер и Golden Circle.
Затоа, доколку сакате да присуствувате на овој концерт со набавување на влезница од овие две категории, Ве советуваме тоа да го направите во следните 4-5 дена, поготово кога е во прашање категоријата Golden Circle.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, онлајн на avalon.mk и во Југотон!

ВАЖНО: Сите оние кои денес купија карти online а сè уште немаат добиено потврда, истата ќе ја добијат во наредниве неколку дена.

Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

 

Забава

Македонија