ДИМЧЕ АПАСИЕВ, ЛЕВИЧАР ИЗГУБЕН ВО СВЕТОТ НА НАЦИОНАЛИЗМОТ: Како не разбира дека промената на името е во корист на сиромашните и работничката класа?!?!

Објавено на 06.01.2019 во 15:52:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Димче треба да реши што е, левичар или националист? Национализмот е во директна штета на работничката класа, затоа што со војните со конфликтите се руши националната економија и работничката класа работи за трошки или е без работа, доказ за тоа е балканот овие 30 години.

Треба да реши и дали е про-западен или про-руски?

Затоа што сега во Русија и во Кина владее сто пати посуров капитализам без синдикати од тој што владее на запад.

Доказ за тоа е што Македонците одат на работа во Германија и Америка, не во Русија и Кина.

И што е најважно, влезот во НАТО е во директна корист на работничката класа, Македонецот ќе добие повисоки плати, повеќе нови работни места, побогата држава, а со влезот во ЕУ, неговиот труд ќе може да го продаде и во Германија и во Италија за 10 пати поголема плата со платени давачки без да мора да плаќа пари за криумчарење на луѓе како што е сега случајот, или па да мора да вади бугарски пасоши.

Како тоа Димче Апасиев не го разбира, а интелигентен е и учен, или намерно се право будала или стварно е тешка будала?!?!

Конечно, симбол на левицата освен чукот е и српот, значи и селаните се дел од базата на левицата, па како не разбира Димче Левичарот дека селаните со влезот на земјата во НАТО и ЕУ ќе можат да ги продаваат своите производи директно на европските пазари со лого MADE IN EU?!?! 

Нема да мора да ги фрлаат своите производи на улица или да ги даваат пошто зашто на трговци кои се богатат на нивниот труд?!

КАКО СЕТО ОВА НЕ МУ ВЛЕГУВА ВО ТАА ВЕЛЕШКА ТИКВА НА ДИМЧЕТА АПАСИЕВ?!?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија