Баш сакам да ги видам пратениците од БЕСА и Алијанса да гласаат против влегување на земјава во НАТО, со тоа ќе застанат во линија со Москва наместо со Брисел и Вашингтон, тоа за нив ќе биде политичко самоубиство со динамит!!!

Објавено на 06.01.2019 во 17:41:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Политичкиот блеф на БЕСА и Алијанса е комичен.

Ако они мислат дека некој ќе се уплаши од нивните закани и дека тие ќе застанат во линија со Москва за спречување на влезот на Македонија во НАТО, тогаш они изгледа претерале со славјето за нова година.

Зарем некого ќе уплашат со овие комични блефови? Тоа за нив ќе биде рамно на политичко самоубиство со динамит!

Политички стратешки приоритет на Албанците од Македонија е земјата да влезе во НАТО а потоа во ЕУ и да се избришат границите со Косово и Албанија, а притоа народот да види пари и просперитет, а не да дремат во слепо црево на Европа и светот.

БЕСА и Алијанса ако сакаат да се испречат пред тоа, ок, ајде нека им биде, Заев некогаш ќе мора и да издржи притисок и блефови, не може до бескрај некој да ги користи овие историски моменти и да му скока на глава на премиерот како разгалено дете пијано издрогирано.

Сепак за се има црвени линии!!! По се изгледа, Али Ахмети сеуште е недостижна висина за останатите албански лидери во земјава, сите некако ја следат клетвата на Мендух Тачи, блефери, недораснати, политички аматери!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија