Ќе ни требаат 10-20 години за да влеземе во ЕУ, дотогаш може ќе се распадне, ова е главната теза со која прорусите го обесхрабруваат народот, епа ај по таа логика да баталиме сите студирање, кариери, развој на свој бизнис, пошто и за тоа се потребни околу 10 години!

Објавено на 07.01.2019 во 12:32:36 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Или пак да не чуваме деца, што и за тоа се потребни 10, 20 години за да видиш резултати, кој знае до тогаш дали ќе сме живи?!

Зошто и да правиме куќа, и за тоа се потребни 10-20 години додека да ја средиш како што треба особено во Македонија, кој има 100 000е да ги лупне веднаш, туку почнуваш прво од плац, па ставаш темели и секоја година креваш полека нагоре и за 10 години ете ти куќа.

Исто е и со сопствен бизнис, кариера, особено медицина или полиција, војска, адвокатура, судство, факултет, потребни се 10-20 години за да дојдеш до позиција и примања кои ќе те прават среќен.

Каква е оваа смешна малодушна шверцерска кретенска теза со која се обесхрабрува народот?!?!

За се мора да се работи долгорочно, тоа што резултатите ќе стасаат далеку во иднина не значи дека не треба за ништо да не се трудиме, треба ли од се да кренеме раце и да чекаме нешто да ни падне од небо?!?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија