Да професорке Ванковска, точно е, Заев не е голем интелектуалец, он е обичен човек со сите маани како сите нас, но има нешто што сите ние го немаме, има харизма, живци како сајли, стратешки ум и муда од 100 кила!

Објавено на 07.01.2019 во 22:22:54 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ја читав анализата  на ликот и делото на Зоран Заев на професорката Ванковска, јас си ја викам тетка биберче, затоа што таа е една комична женичка со многу комично минато, но сепак нејзината анализа на премиерот Заев не е далеку од вистината.

Под услов, да си ја преспал 2015-та, 2016-та, 2017-та и 2018-та.

Без тие години, да Заев навистина е еден просечен струмички бизнисмен, провинцијалец, безмалку селанче.

Тој е далеку од интелектуалец, мудрец, филозоф, мудросер.

Но сепак сите ние што не ги преспавме тие години и бевме и во негова близина, знаеме што човек е тој.

Тој може нема јак вокабулар, може не ги гледал сите филмови, не ги читал сите книги, не ги знае сите филозофи, но сепак не можеме да кажеме дека е глуп, ќе згрешиме многу ако го речеме или напишеме тоа.

Еве да му пријдеме на проблемот чисто од аспект на фактите, значи објективно.

Прво да успееш да станеш градоначалник на Струмица е добар знак дека е многу можно да не си глуп.

Потоа да станеш лидер на СДСМ е исто така сериозен показател дека ич не си глуп, тоа ич не е лесно, СДСМ е држава во држава, исто како што е ВМРО ДПМНЕ дури и повеќе од тоа, во СДСМ е многу потешко да станеш лидер, ај сега да не објаснувам зошто, сите знаеме.

Потоа да успееш да го срушиш режимот на Грујо и Мијалков, тоа е ептен сериозен показател дека човекот ама ич не е глуп, баш напротив.

Потоа да успееш да го решиш проблемот со името и проблемот со Бугарија и да ја внесеш земјата во НАТО и тоа да го протнеш во Македонија која 12 години е месена со Грујовата пропаганда, тоа е да бидеме реални, политички МАЈАГЕРИ!

Значи ако му се прави сериозна анализа на Зоран Заев, освен мааните, мора да се видат и добрите адути, на пример, фактот дека човекот има челични нерви, такт за стратешка игра и челични муда од 100 кила, со кои тој е безмалку рамен на камикази фанатик со кој ниту Груевски нити Мијалков не можеа да излезат на крај.

Без тоа да се увиди, тогаш не се прави реална објективна анализа на ликот и делото на Зоран Заев, туку само се хејта човекот, за што секако, секој има демократско право.

И така, тоа е тоа тетка Биберче, сакала ти да признаеш или не, ти може си поначитана од наш Зоки, ама споредена со него политички и човечки, ти си само една мала црвена мравка од оние џуџестите што ми се мотаат по кујна деновиве мамицата нивна...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија