СОЛЗА И АПАСИЕВ САМО МЛАТАТ ПРАЗНА СЛАМА, НЕМА ТАКВА ВЛАДА ШТО ЌЕ ЈА ИЗВАДИ МАКЕДОНИЈА ОД НАТО И ЌЕ ЈА ВТУРНЕ ВО ГРАЃАНСКА ВОЈНА: Следната влада ќе го поништи договорот од Преспа исто толку колку што го владата на ВМРО ДПМНЕ го поништи Рамковниот Договор!

Објавено на 07.01.2019 во 22:46:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Убаво е за говори качен на гајба пред собрание да мелеш и ломотиш дека ќе му ебеш матер на САД, ЕУ, масоните, сите непријатели на Македоња, ова она, но во реалноста работите стојат многу другачие.

Нема таква влада која ќе ја извади Македонија од НАТО и ќе ризикува економски колапс и граѓанска војна со Албанците.

НЕМА ТАКВА! И тоа го знаат и Солза и Апасиев, дури и они го знаат, дури и Јанко Бачев го знае тоа, не пак да зборам за дечките во ВМРО ДПМНЕ.

И Грујо и многу други се закануваа дека ќе го поништат рамковниот договор, Грујо дури проба да прави влада без ДУИ па издржа само 2 години.

Не бива тоа така, како што некој си замислил да оди против суровата реалност и ситуацијата на теренот.

Македонија е осудена на УСПЕХ и тука нема мрдање и овие смотаните политички лузери можат само да блебетат и ломотат и на тоа и ќе си остане.

Само ќе направат од себе мајмуни политички, ништо друго!

Единствен начин како политиките на Солза, Бачев, Миленко, Ванковска и слични успеат во земјава е ако таа се подели на пола после крвава војна и крв до колена која би траела од 5 до 10 години во која нема да остане камен на камен и ќе умрат над 100 000 цивили од двете страни а ќе се иселат 1 милион народ, и само во таква Република Македонска Краина од Делчево до Драчево и Мралино со останати 500 000 старци и небањати брадати беззаби ВМРО-вци, само тогаш нивните блебетења ќе станат реалност.

Па видете вие дали вреди сето тоа...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија