ПРЕДЛАГАМ ПОД ИТНО ВО ШКОЛИТЕ ДА СЕ ВОВЕДЕ ПРЕДМЕТ РАБОТНА ЕТИКА, МЛАДИТЕ ДА НАУЧАТ ОД МАЛИ ШТО ТРЕБА ЗА ДА СЕ БИДЕ ДОБАР РАБОТНИК БЕЗ РАЗЛИКА НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ИЛИ ИНДУСТРИЈА

Објавено на 08.01.2019 во 21:18:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Инцидентот со погрешните декларации на вакцините ме потсети на тоа колку е битно да имаш квалитетни работници кои нема да ти направат штета од 50 000е!

Сметам дека во земјава нема многу висока работна етика, секој те мрази кога ќе му дадеш работа, мисли дека го искористуваш како стока.

Кај нас работниците мислат дека треба да се над газдите, ништо да не работат и нон стоп да ги колнат и пцујат.

Секако, дел од газдите тоа многу квалитетно го заслужуваат со своето хоштаплерско понашање.

Но мислам дека проблемот е во нашите славни комунистички времиња кога го научивме народот дека капитализмот е клет скапан систем на алчни копилиња.

Мислам дека во нашиот образовен систем треба да се воведе предмет работна етика.

Младите уште од мали нозе треба да научат како да извршуваат задачи брзо и квалитетно.

Како да се однесуваат на работно место. Колку е важно да се пристига на работа на време.

Колку е важно да се почитуваат надредените, се со цел да се произведат продукти кои ќе бидат на нивото на MADE IN GERMANY, MADE IN USA и слично.

За да се произведе квалитетен софтвер, хардвер, коли, услуги, медиуми, филмови итн, треба армија на квалитетни дисциплинирани вредни способни обучени работници.

Треба да работиме повеќе на тоа поле, затоа што како земја патиме од ниска продуктивност и низок квалитет, и затоа сме најсиромашни во Европа!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија