ЕКСКЛУЗИВНО - МАКТЕЛ ДОЗНАВА: Заев бил при крај со нервите, ако не успее за неколку дена да обезбеди 80 гласови бил на спремен да си поднесе оставка на премиерската и лидерската позиција во СДСМ и да се повлече од политиката!

Објавено на 10.01.2019 во 19:24:44 часот | Македонија

На Заев му збоктисало и од политика и од власт и од се!

Мактел дознава дека условувањата од БЕСА и премислувањето на осумте пратеници од ВМРО ДПМНЕ ја прелило чашата и веќе спремил оставка на лидерската позиција во СДСМ и на премиерската позиција во владата.

Бил сериозно намислен да се откаже од политика и да се врати во Струмица во фирмите на своето семејство.

Ова веќе им го соопштил и на Бејли, Хан и Могерини кои кренале паника и го убедувале да се премисли.

Но Заев веќе одамна почнал да размислува за тој потег затоа што премиерската функција го преморувала ментално, не можел да ги издржи разните уцени и немање на грам сериозност за државата од ВМРО ДПМНЕ и разните други партии од кои се очекува да му помогнат да ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО.

Ќе видиме дали овие информации на Мактел ќе се покажат како точни.

Ние го замолуваме премиерот да издржи и да не се откажува од политика, барем до крајот на мандатот на оваа влада кој истекува за две години.

Знак дека нашите информации се точни е изјавата денеска на премиерот дека ако не обезбеди 80 пратеници веднаш ќе свика централен одбор на СДСМ каде ќе морало да се понесе одговорност. Тука дознаваме под одговорност Заев мислел на своја лична, ќе го сметал тоа за свој пораз и ќе се тргнел од политиката. Тој не гледал иднина за Македонија без НАТО и ЕУ.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет