СДСМ: Мицкоски и Бачев се во трка за тоа кој е поголем противник на евроинтеграциите

Објавено на 10.01.2019 во 23:19:49 часот | Македонија

Со приклучувањето на анти ЕУ и анти НАТО протестите на Јанко Бачев, Мицкоски покажа дека е дел од иста маргинална група која сака да го поткопа интегративниот процес на Македонија во најмоќните сојузи на светот.

Мицкоски ги следи поразените политики на неговиот ментор Никола Груевски и затоа учествува на антизападни протести на кои се шират поделби, говор на омраза и закани кон граѓаните.

Залудни се очајните обиди на антизападниот Мицкоски, тој нема да ја закочи иднината на Македонија.

Слабата поддршка на протестите на Бачев и Мицкоски е доказ дека нивната антизападна агенда не минува.

Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО, Македонија оди напред и нема враќање во темното минато на изолација. – порачуваат од владејачката .

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет