Јадранка Костова: Време е посилно да го кренеме гласот против моќниците

Објавено на 19.01.2019 во 19:17:55 часот | Македонија

По заканите кон телевизија 1ТВ поради серијалот „Македонски инсајдер“ со свој став излезе и уредничката и директорка на „Фокус“, а уредничка-соработник во 1ТВ, Јадранка Костова.

-Она што беше мисијата на ФОКУС и на Никола Младенов, новинарска битка за Правда и жестока критика на Моќниците, кои за секоја критика одговараа со крими-алиби финтата „ма, рекетираат„, денеска се соочи и тимот на 1ТВ, каде што сум само соработник-уредник. Научени дека парата врти посилно од бургијата, дотичните продолжуваа со сите власти „среќно да си живеат“. Време е да го кренеме гласот посилно! Сега му е мајката!, напиша Костова на својот Фејсбук профил.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет