БОМБА НА ТЕЛМА: Законот за пазарите ставен во мирување – новиот закон готов до јуни??

Објавено на 21.01.2019 во 22:35:48 часот | Македонија

Пратениците постигнаа компромис околу потребата да се измени законот за зелените пазари. Според информации на Телма она што сега се преговара е периодот за кој треба да се донесе новото законско решение кое ќе биде на задоволство на сите, односно дали постоечкиот зaкон ќе биде во мирување 6, 9 или 12 месеци. Откако својот став попладнево ќе го испеглаат и во ДУИ, предлог измените утре ќе бидат доставени до Собранието.

Во меѓувреме пазарџиите се вратија на тезгите за да можат да заработат некој денар. Протестот го ставија во мирување, но подготвени се веднаш да го активираат доколку не се најде слух за нивните барања. Тврдат дека новиот закон и лиценците се на штета на сите, дека нема да го решат проблемот на пазарите ниту ќе го зголемат прометот.

Линк до сторијата на Телма.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет