ПОРАДИ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС, ПОКРАЈ ДВАТА ПРОДАДЕНИ КОНЦЕРТИ СО ФИЛХАРМОНИЈА, ЗАКАЖАНИ УШТЕ ДВА ФИНАЛНИ КОНЦЕРТИ НА 20 И 22-РИ ФЕВРУАРИ!

Објавено на 23.01.2019 во 12:20:43 часот | Македонија

Драги пријатели, 
Бидејќи двата концерта на Каролина и Македонската филхармонија се одамна распродадени и многу нејзини фанови се останати без влезници, би сакале да Ве информираме дека се одлучивме да се одржат уште два завршни концерти на Каролина со оркестарот на Македонската филхармонија, на 20-ти и 22-ри февруари, на исто место.

Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија.

Влезниците по цена од 1.000 денари ќе бидат пуштени во продажба веднаш, односно утре во 09 часот наутро, онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Ви препорачуваме да побрзате со купувањето на Вашите билети!

Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет