ВЛАТЧЕ СЕ СОПНА УШТЕ НА СТАРТОТ: Без да одговара на новинарски прашања ја објави кандидатурата за претседател на државата!

Објавено на 23.01.2019 во 16:06:19 часот | Македонија

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе од 15 минути зборуваше за мотивите зошто се кандидира.

„Има моменти кога човек треба да го искористи сето искуство, Македонија губи и назадува, состојбата не е добра. Од тие причини објавувам дека се кандидрам за претседтаел на Република Македонија. Поседувам искуство, мотивација, знаење, чесност, ги знам сите општини, градови и села. Наредниве три месеци ќе појдам во секој дом, кај граѓаните, кај оние кои ми го дале мандатот да ја побарам вашата доверба“, порача Ѓорчев.

Тој додаде не смее да се дозволи власта да ги узурпира сите институции и мора некој да им се спротивстави, а тоа како што рече е претседателот на државата.

„Благодарен сум за поддршката добиена изминативе денови од граѓаните. Им порачувам на сите кандидати на СДСМ на 21 април, ве чекам јас и 500 илјади граѓани незадоволни и разочарани да ја вратиме надежта во Македонија“, изјави Ѓорчев.

ИЗВОР: МАКФАКС

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет