ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА: Во државава од Телма се очекува да не смее да отпушти никого, па ни некој суртук од деск кој преведува вести од ЦНН

Објавено на 04.02.2019 во 23:34:35 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Замислете, владата на Заев била загрозена не од Алфа тв, не од Сител, не од Курир, не од критицизмот и хистеријата на Слободен Печат, кој си лапна 250 000 евра владини пари пред некој ден, не од Нова Македонија во кој врие од колумнисти како Ванковска и оној албиното Русјаков па пак добија и они едно 100 000е владини парички, не од лудаците махери за лажни вести во Инфомакс, не од Вечер.мк, не од Офф нет на кој врие од реклами како во најдобрите времиња на Груевизмот, не од сериозни портали како МКД.МК, Фактор.мк и слични кои се доста критични и имаат публика од 50 000 народ секој од нив, не од еден ФОКУС кој лека полека почнува да ги врти тоа огромните топови накај Бихачка, не била загрозена владата од критицизмот на еден Макфакс, А1он, емисиите на Боби Христов и Лупевска, сите емисии на ТВ 24 кои се се повеќе критички, значи не од сите тие, туку владата била загрозена од некој суртук во Телма кој работи на деск и преведува вести од ЦНН?!?!

И кој ете имал и фб профил на кој го читале еве нека се и 10 000 народ, и од него се уплаши СДСМ и му нареди на Атанас Кировски да му удри клоца, Саки кој не се уплаши на еден режим со се Мијалков и ДБК и све живо кои буквално за малце ќе го затвореа еден моќен џиновски Макпетрол и ќе поапсеа цел менаџмент, сметката им беше блокирана еден месец не можеа нафта да купат за бензиските, значо на нив Саки не се исплаши, туку се исплаши баш на оваа влада која е толку некадарна со медиумите што делува дури симпатично хаотично и блесаво и трапаво?!

Абе вие луѓе се заебавате?! Ивор бил закана за владата?! Абе вие нормални ли сте бе?!

И како тоа само Телма не смее никого да отпушти?! Секој во државата може и да отпушта и да рокне скроз како МПМ, па дури и самиот Геровски во критиката до Саки призна дека пред неколку години самиот лично му дал отказ на татко му, Васил Мицковски во Слободен Печат?!

Значи Геро може да дели откази, само Телма не змее, пошто Макпетрол е позади неа и они не смеат да штедат да се преструктуираат да се озвежуваат со цел да ловат висок рејтинг, не, тоа Телма никад не смее да го прави?!

Дај бе луѓе не бидете комични, и што сега, он Ивор сега ќе се уплаши и нема да пишува, ќе отиде у некоја пештера или па не дај боже ќе умре за леб така ли?! Абе дај не зафркавајте има 200 медиуми, ако е кадарен и способен како што се преставува одма ќе си најде работа, што е оваа паника, што паѓате у несвест?!

Или што ај сега ќе глумиме дека во земјава има режим, хунта, на тие ВМРО-вски фори сега ќе паѓаме, абе кој црн режим, владава на СДСМ е толку демократска што да идеш да му врзеш три шамара на портпаролот они после со две соопштенија ќе ти се извинуваат што те заболела раката што не се избричил на време Бошњаковски! Оваа влада не да не е режим, оваа влада е комедија кога е во прашање ПР пропагандата!

Туку ова е онаа постојана потреба од све да се прави скандал и паника без разлика колку и да се тенки аргументите и колку и да не држи вода целата теза, ајде сите ќе се правиме сега улави и дрогирани мајмуни и ќе одиме по паметот на Геро Алцхајмер...

И како тоа токму Ивор Мицковски пред некој ден лично на својот фб профил водеше кампања против Мактел.мк, урлаше порталот да бил затворен и спонзорите да ми откажале соработка, значи ја може да останам без леб, затоа што имам различни ставови со Ивор Мицковски, али Ивор Мицковски не смее да остане без леб пошто е прв братучед на Далај Лама?!

Он е света крава некоја, а Саше кој го ебе, Кратовско копито секад може да се врати и да сади компири у Шопско Рударе?! 

Ах бре лигле едно разгалено, синче на татица познат уредник на часопис, и самиот Саки си кажа дека го примил на работа од што му било жал и цело време го третирал како син да му е, значи му мењал пелени и цело време го молел нешто да сработи... Повеќе верувам дека се работи за правило кое Саки го има донесено никој на социјални мрежи да не напаѓа национални телевизии и нападот на Ивор кон Сител изгледа ја прелило чашата, но ова е само моја шпекулација...

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија