Леле каков ден, ми се плаче од радост!!!

Објавено на 06.02.2019 во 11:29:05 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ми се плаче од радост!

Еееј која чест, 29 членки на НАТО, од Франција преку Италија, Британија, Канада Америка Турција итн седнаа и се потпишаа на документот со кој Македонија станува членка на НАТО!!!

Потписите се редеа, солзите ми навираа и целиот се наежив од овој историски момент, ова е рамно на денот на независноста, на денот кога станавме држава во манастирот Прохор Пчински, првиот Илинден 903-та!!!

Браво Заев, браво Радмила, браво Димитров, браво Османи, браво Ахмети, браво на сите во владата, ова е неверојатно достигнување и успеах на оваа генерација политичари!!!

После сета крв пролеана, после сите маршеви, протести, маки невидени, конечно направивме нешто за ова парче земја!

Ја ставивме во катастар, ја озаконивме, обезбедивме, осигуравме!

ТРЕБА СИТЕ ДА СЕ ГОРДЕЕЕМЕ И РАДУВАМЕ СО ОВОЈ ГИГАНТСКИ ЕПОХАЛЕН УСПЕХ!

НЕКА НИ Е ВЕЧНА ДРЖАВАТА, НЕКА НИ Е СО СРЕЌА, НЕКА Е ЗА АРНО ЗА УБАВО!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија