По малце, не многу, жал ме фаќа за Влатче Ѓорчев

Објавено на 06.02.2019 во 19:50:25 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Леле да не го мразев толку многу пошто сме на две различни страни после 12 години гадна политичка а богами и физичка војна, може ептен ќе ми беше жал за Влатче Ѓорчев. Сега ми е само малку жал.

Еј после се што направил овој човек за ВМРО ДПМНЕ сите овие 30 години, вака да го бламира матичната партија, да го натера да се истрча сам а потоа да му работи зсд грб со ова фарсата со професорката Сиљановска, ццц...

Овој Мицко ептен е некое сурово копиле. Па бива ли бе така да му рогаш ножеви на еден Влатче Ѓорчев, иконата на ВМРО ДПМНЕ, брендот на ВМРО ДПМНЕ.

Он е стварно Тоти во ВМРО ДПМНЕ, овие 30 години, без него таа партија немаше да биде тоа што е.

И тоа важи и за доброто и за лошото. Но кога веќе не се извинуваат за Груевизмот, тогаш зошто вака го бламираат Влатче, зошто не истрчаат со него и не изгубат со крената глава, достоинствено, како прави ВМРО-вци, небањати, ама со чисто срце, јуначки, онака баш, Драчево стајл?

Што е ова лигавење, византиски игри, стратегиски курташаци, што е бре ова што се случува во белиот дворец?

Партијата која така бездушно ги меле своите легенди и икони како Влатче Ѓорчев, што ли ќе направи со нас противниците кога ќе и застанеме на патот а таа ќе биде пак моќна и залетана?!?!

ПУ ПУ, ГОСПОД НЕКА НИ Е НА ПОМОШ И НЕКА НЕ ЧУВА ОД ТАКВО ЗЛО, СТАНУВАМ ПОЛЕКА ВЕРНИК!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија