Зошто е Македонската култура на питачки стап и зависи од милостината на државата, дали е безвредна?!

Објавено на 09.02.2019 во 13:42:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Добро, како на никој не му е чудно што македонската култура е доведена буквално на питачки стап?!?! И зависи од милостината од владата т.е од министерството за култура?!

Каде е таа културна елита да го одврзе ќесето и да ги плати изведувачите, уметниците, актерите, креаторите, писателите?!

Овде нешто не штима, или нашите културни работници се научени на многу јака пара па бараат преку леб погача, или нашите конзументи на култура се навиокнати да ја конзумираат бесплатно, или па нашата култура е безвредна?!

Друг одговор ја снемам, каде се сите тие стотици фирми гиганти да ја помогнат македонската култура, зошто тие уметници не почнат да си ги наплаќаат своите настапи, книги, слики, творби?!

Луѓе, буџетот за култура достига 70 милиони евра, тоа е страшна пара, со тие пари ќе се направат многу народни кујни, студентски домови, прифатилишта за бездомници, за сираци, на оние на кои вистински им се потребни парите и каде работата е пари или смрт, додека во културата сеитуацијата не е доведена до тоа ниво да се биде или не, како ова не може да го разбереме?!

Со тие пари треба да се бориме со загадувањето, да даваме стипендии на талентирани деца да завршат школо, да превенираме смрт од сообраќајки значи да правиме патишта итн, а не да правиме нечии кариери, некој си замислил да биде писател или диригент и сега ние да му ја плаќаме кариерата и сонот, ако не може да си го наплати со карти и од публика, нека се откаже од тој сон и нека почне да вози такси или да прави сендвичи у сендвичара, важно ќе ги употребиме парите таму каде состојабата е живот или смрт а не во сувбвенционирана култура платена од државата!

Едноставно е решението, културната елита треба да си бркне во џебот и културата да почне да се цени и вреднува од самите конзументи, а не да се брка во џебот на народот кој врзува крај со крај и последен пат видел опера во средно кога не влечеа со сила по престави по Скопје...

Не е фер да се одзема од буџетот каде се крати за лекување на деца за некој да си гради голема кариера културна, тој комунистички модел на култура е застарен, 30 години сме демократија и пазарно општество, кога ќе го разбереме тоа?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија