МАКТЕЛ ГИ ДЕМАНТИРА ШПЕКУЛАЦИИТЕ НА НЕЗАВИСЕН: Нема шанси Пендаровски да прифати министерско место во владата на Заев!

Објавено на 10.02.2019 во 00:28:30 часот | Македонија

 
 
Весникот НЕЗАВИСЕН излезе со шпекулација која гласеше вака:
 
Никола Димитров да биде кандидат за претседател, Радмила Шекеринска да го заземе неговото место во Министерството за надворешни работи, Стево Пендаровски да застане на чело на Министерството за одбрана, а Оливер Спасовски да остане „прв полицаец“.

Ова е една од варијантите за која се размислува во СДСМ откако овие четворица истакнати претставници на власта искажаа амбиции да се кандидираат за шеф на државата, пишува „Независен“.

Огласот во СДСМ сѐ уште трае, а засега не се открива дали некој се пријавил. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера уште еднаш повтори дека нема амбиции да се пресели во вилата на Водно. Иако за себе смета дека би бил идеален консензуален кандидат, но, сепак, како што вели, бил млад за таа функција.

 

Мактел ги провери овие шпекулации во СДСМ и дознавме дека не се точни. Стево Пендаровски му доставил премолчан ултиматум до лидерот на СДСМ, или претседателска кандидатура онака како што му било ветено пред неколку години лично од Заев, или Стево Пендаровски во иднина имал намера својот висок рејтинг во базата на СДСМ и кај неопределените да го ефектуира преку атак на лидерската позиција на Заев во СДСМ или покренување нова партија како еден вид пандан на она што сега е СИРИЗА во Грција.

Пендаровски коментирал дека во СДСМ трена да се цени фактот што кога тој се пријавил да се трка за претседател во 2014-та на избори на кои само божјо чудо можело да направи тој да победи во време на тотален брутален режим на братучедите, на Бихачка  било пусто речиси никој не влегувал во зградата, сега кога се сменети околностите, ќе се потепале сите кој да биде претседател. Стево коментирал дека во 2014-та победата му била украдена, и сега требало само да се поправи неправдата која му била нанесена од режимот на ВМРО ДПМНЕ.

Заев бил свесен за опасноста Пендаровски да откине голем дел од гласачите на СДСМ ако формира своја партија па бил веќе решен да го кандидира Стево Пендаровски кој убедливо водел на анкетите, веднаш зад самиот Зоран Заев.

Мактел прогнозира дека Заев ќе одигра мудар потег и со Стево Пендаровски на позицијата претседател тој ќе си обезбеди уште 8 години мирни премиерски води, под услов ВМРО ДПМНЕ да не се реформира. Ако Стево не седне во вилата на Водно, тогаш тој ќе му дише цело време во врат на Заев и ќе му прави многу проблеми со оглед на огромниот рејтинг кај народот поради кампањата од 2014-та со која Стево си изгради за себе мит на мудар скромен семеен политичар интелекуталец не извалкан од власта и од скандали.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет