ДЕМАНТ НА АНКЕТАТА НА ТЕЛМА: ПЕНДАРОВСКИ НА СИТЕ АНКЕТИ МУ ВОДИ НА ДИМИТРОВ ВО ОДНОС ДВА СПРЕМА ЕДЕН!

Објавено на 10.02.2019 во 19:11:02 часот | Македонија

Денеска голема паника предизвика сторијата на Телма за рејтинзите на Пендаровски и Димитров, и според Телма, рејтинзите на нив двајца се израмнети, но Мактел има други информации. Инаку Телма пишува:

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се имињата кои доколку утре се одржат претседателските избори би добиле најголема поддршка од граѓаните. Заев котира со 12,7 процетни, а втор е Мицкоски со 7,8. Ова го покажа најновата анкета на Телма, спроведена од М Проспект од 15 до 30 јануари, на репрезентативе примерок од 980 испитаници.

Но фактот дека и двајцата партиски лидери нема да се кандидираат за претседател, на чело го исфрла Никола Димитров, со 6,9 процент, а веднаш зад него е Стево Пендаровски, со поддршка од 5.8. Следи Зијадин Села со 5,4 проценти, потоа изедначени со 4,2 проценти се Влатко Ѓорчев и Имер Селмани. Од имињата кои досега се споменуваа како можни кандидати – Радмила Шекеринска и Денко Малески имаат по 2,7 проценти поддршка, а Гордана Силјановска Давкова 1,3. Оливер Спасовски доби само 0,9 проценти. Треба да се напомене дека анкетата е правена пред да биде појасна сликата за тоа кои би биле партиските кандидати за претседател, особено што во албанскиот политички блок ДУИ се уште се тактизира меѓу консензуален кандидат и сопствен кандидат.

Клучни битки за изборите ќе бидат оние што ќе се видат во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за претседател, смета Александар Кржаловски од МЦМС. Тој смета дека во СДСМ дилемата за кандидат е меѓу Димитров и Пендаровски.

„Со Релативно изедначени шанси, бидејќи цело време Димиторв стои подобро, на анкетите генерално, но во гласачкото тело на СДСМ подобар е Стево Пендаровски иако и двајцата не се членови на СДСМ. Но Стево беше претходно претседателски кандидат и мислам дека во рамки на СДСМ би му дал повеќе шанси“, вели Александар Кржаловски од МЦМС.

Анкетата покажува дека Димитров генерално има блага предност пред Пендаровски, но само меѓу Македонците. Пендаровски ужива поголема предност од Димитров кај Албанците.

Изборот на кандидат во СДСМ, според Кржаловски, многу ќе зависи од тоа со кое име на ќе истрча ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека таму битката ќе се води меѓу Ѓорчев и Силјановска Давкова.

„За мене се уште Влатко Ѓорчев е фаворит заради долгогодишното искуство партиско, иако веќе има евентуална согласност во раководството за Гордана силјановска Давкова“, смета Александар Кржаловски, МЦМС.

Според анкетата, правена пред да се официјализираат кандидатурите во ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев има поддршка од 4,2 а Силјановска 1,3 отсто. Во македонскиот блок Ѓорчев ужива поддршка од 5.9 проценти, а силјановска Давкова од 1,8. Но позициите во внатрепартиската битка, а и во јавноста, сепак, допрва ќе се мерат.

Во албанскиот политички блок според Кржаловски високиот рејтингот на Зијадин Села од 21,9 проценти поддршка, се должи на фактот што ДУИ уште не истакнале свој кандидат и за сега тој се прецепира како можен единствен кандидат Албанец. Теута Арифи од ДУИ е далеку зад него со 10 проценти.

Според Кржаловски доколку ДУИ даде поддршка за опцијата која ја нуди СДСМ, полесно поддршка би добил Пендаровски, отколку Димитров.

„Но мислам дека тоа се нијанси ми мисламд дека можно е поддршка да се добие од ДУИ и за едниот и за другиот и ќе се остави веројатно до крај игарата и одлучувањето на ДУИ. Мислам дека преференцата на двете партии, на СДСМ и на ДУИ, е да одат со заеднички кандидат“, смета Александар Кржаловски од МЦМС.

Кржаловски не очекува некое ново име да изненади за кандидат за иден претседател и дека изборит ќе се направи меѓу веќе познатите имиња.

Анкетата покажа висок процентот на неопределни граѓани од 38,2 проценти, а чии гласови најчесто ги решаваат изборите.

 

Мактел дознава дека Телма МЦМС се обидуваат да ја матат водата со оваа анкета. Имено проблемот на оваа анкета е што сеуште се мери Зоран Заев иако тој рече дека нема да се трка и тоа го кажа едно 380 пати. Со тоа, ако се направи анкета на која нема да го има Зоран Заев како предлог, тогаш неговите гласови речиси сите се прелеваат на контото на Пендаровски, со што во дуел Пендаровски му водел на Димитров во однос два спрема еден!

Мактел дознава дека биле мерени дуели на потенцијалните кандидати на СДСМ против потенцијалните кандидати на ВМРО ДПМНЕ, и Стево ги газел сите кандидати на ВМРО ДПМНЕ со огромна разлика, додека останатите кандидати на СДСМ воделе речиси израмнета битка со талибанците, со мала достижна предност во корист на кандидатите на СДСМ.

Аналитичарите ова го објаснуваат со тоа што Стево остана заштитен на страна од сите досегашни мини скандали на новата власт и благото разочарување од големите утопистички надежи дека се ќе се среди брзо и без никаква грешка. Стево се гледал како нова надеж, чист неизвалкан интелектуалец кој е про западно ориентиран но без никакви опашки и скандали затоа што никогаш не бил на одговорна политичка позиција, цело време бил или советник или портпарол.

Димитров пак од друга страна иако има голем молневит раст овие неколку месеци поради преговорите со Грција, спеак не поминувал добро во базата на СДСМ која нема доверба во ВМРО-вци, а тој е сепак историски со децении ВМРО-вец, мајка му и татко му се едни од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ! 

Тоа е како Јон Фрчковски да го ставиш кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ?!?!

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет