Бучковски: Заев и Ципрас направија чудо

Објавено на 10.02.2019 во 20:50:02 часот | Македонија

Започнува нова ера за Македонија, изјавил поранешниот премиер Владо Бучковски за „БНР“. Оваа изјава следеше откако Македонија тргна на патот кон НАТО, но под името Северна Македонија.

– За нашата држава тоа е голема придобивка – рекол Бучковски, додавајќи дека членството на Македонија во НАТО има големо значење не само за неа, ами за цела Европа и пошироко.

Тој изјавил оти „Заев и Ципрас направиле чудо“.
 
Поранешниот премиер прогнозира оти од 1 јануари 2020 година Македонија ќе биде членка на НАТО.
 
– Македонија има капацитет. Голем е успехот кој го направи оваа земја со договорот со Грција за името. Ние плативме висока цена, но тоа е нашата жртва за подобар живот – додал Бучковски.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет