Боже господе, Баба Сорос ја почна кампањата за претседател со говор кој како да го пишувале Миленко, Мирка и Јанко Бачев: И објави војна на Грција, ќе ја враќала Егејска Македонија назад кон мајка Македоња?!

Објавено на 16.02.2019 во 19:02:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Бреееј колку е ВМРО ДПМНЕ забегано, далеку далеку од патот, заглавено во шумата...

Дали ги слушавте говорите на кандидатите за претседател?!?!?

Па Миленко и Мирка како да ги имаа пишувано говорите на сите кандидати. Еј задолжителен воен рок за мажи и жени, бесење на предавници, партиското знаме да станело државно знаме, укинување на договорот од Преспа, цццц...

И најрадикален беше на победничката, она па и објави војна на Грција, Егејска Македонија ќе ја враќала кон мајка Македоња?!?!

Што е целта овде, со провоцирање на Грција макар и од опозиција да се предизвика грчката опозиција да го раскине договорот од Преспа?!?!

Мислам мора да има овде некаков план, не е ваљда ова само еден обичен хаос кај што не се знае кој кај тера?!

Зарем до толку е ВМРО ДПМНЕ срозено и изгубено што веќе не можат најобична стратегија да тераат, кога беа режим контролираа се во земјава, од обични избори за комисија за екологија во Кривогаштани до избор на врховен суд, сега еден говор не можат да и напишат на бабичката која конечно реши да ја фрли мантијата на неутралка?!

Сега уште Трендо да го кандидираат како кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Скопје и готово е сите неутралки се разоткрија... И Бетмен и Ванковска и Сиљановска... Цело јебено друштво курвинско неутрално...

Сега јасно ли ви е зошто Сиљановска 10 години никаде ја немаше да пише колумна, да настапи во емисија и да ја осуди диктатурата, мафијата, пљачката, режимот?! Ама она изгледа уживала, лиги и течеле, она го живеела сонот за Македоња на македонците каде по левицата и либералите ќе игра стапот! Жената сега сонува за тоа време да се врати, за неа сега Македонија е на погрешен пат, Груевизмот е рајот на земјата за оваа бабетина фашистичка!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија