Ми се гади од ВМРО-вците, зошто бе мора се да им е местенка, лага, измама, секој потег им е нешто ненормално и откачено?!

Објавено на 16.02.2019 во 23:37:06 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Зошто бе ВМРО-вците не се нормални?!

Зошто мора се да им е измама, лага, фарса, местенка, лигавење, претерување, забегување, откаченост?!

Зошто толку им е тешко да бидат нормална достоинствена десничарска партија која ќе настапува искрено, разумно, коректно, искрено?!?!

Аман од оваа партија. Како банда, како нарко картел, како мафијашки клан, како некој култ, секта упм!

Све им е местенка, све им е лага и измама, страв да те фати ако овие психопати се докопаат до власт...

Еве на пример конвенцијата, што не најдоа бе некои про западни разумни луѓе како реформаторот на пример Петар Богојески кој ќе даде говор од кој нема да ти се крене косата на главата?!

Зошто мораше она глумење лудило, оној театар, зошто не се одеше со повеќе квалитетни политичари па изборот да биде изрмнет со бројки од типот 250, 150, 100 итн, па да се види дека делегатите се мислеле, имало неопределеност...

Зошто никој од кандидатите не го осуди Груевизмот?!

Зошто никој не кажа дека ВМРО ДПМНЕ мора да сврти нов лист, да се извини за грешките?!

Зошто никој не кажа дека сепак политиката на ВМРО ДПМНЕ е забегана, дека треба можеби да се преиспита таа политика на конфронтација со сите, дека можеби и тоа што го пропагира Заев и не е толку лошо и можеби ВМРО ДПМНЕ треба да го следи и да понуди нешто подобро и од тоа а не да се оди во сосема спротивна насока.

Вакво какво што е ВМРО ДПМНЕ, е тотално некомпатибилно со СДСМ, ова што го имаме сега на политичката сцена во моментов е трка меѓу супер брза кола со 200 коња и фичо си 35 коња, трката е сосема досадна, извесна, СДСМ нема што да фаќа од ова ВМРО ДПМНЕ, исходот е сосема извесен...

Ми се гади од нечесноста на една професорка која е спремна да учествува во ваква фарса, зошто, затоа што сака уште повеќе во животот, малку и е професорка, сака да шета по светот, да има слуги, да живее во дворец на Водно?!

Па поради тоа е спремна да си ја продаде душата, да учествува во нечиста игра, помага мафија, помага политички фанатици кои си играат со судбината на државата и народот...

Чудовиште е оваа бабетинка, чудовиште!

 

 

* реклами:

 

 

 

Колумни

Македонија