АПЕЛ ДО АКТИВИСТИТЕ НА СДСМ И ВЛАДЕЈАЧКО МНОЗИНСТВО: Не и дозволувајте на Гордана Сиљановска да глуми жртва, се работи за многу расипана, интелигентна, искусна, учена преварантка, Срѓан Ќерим со сукња!!!

Објавено на 19.02.2019 во 13:37:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Првите настапи на Сиљановска во својство на претседателски кандидат на опозицијата покажува дека се работи за една многу подла, расипана, интелигентна, искусна политичка ѕверка.

Не се сомневам дека таа овие 12 години била и неофицијална советничка на Груевски и Иванов.

Во нејзините настапи и реакции и говори го насетувам тој познат ВМРО-вски манипулациски кавгаџиски приземен простачки пристап на политичка РАСПАЉОТКА и глумење жртва, морална надменост, потсмевање со противникот, правење паднати од марс, НА-ТОШО што вика народот...

Во право е Сашо Ордановски кога вели дека овој дуел ќе биде дуел меѓу Заев и Груевски, затоа што од устата на Сиљановска го слушам тоа ехото на Груевизмот - цел свет ни го начукал, Егејска Македоња ќе сме ја враќале назад, потсетување на војните од пред 100 години, историската неправда над Македоња итн итн...

Што би рекол Фрчко, тој крик на ВМРО-ните од упрдената топла пештера!

Мене Сиљановска многу ме асоцира на Срѓан Ќерим, буквално како Срѓан да го гледам во сукња, таа негова махерска способност за роварење низ партиите, местење, глумење светски интелектуалец а уствари си еден беден хоштаплер желен за кариера, моќ, фотељи и не ти е битно дали за да дојдеш до таа цел ќе уништиш цела држава и цел народ...

Од балканските пак политичари, Сиљановска ме потсетува на лидерката на босанските Срби од 90-тите, Биљана Плавшиќ, и таа била врвен универзитетски професор пред политичката кариера, па тоа не ја спречило да дава изјави дека Босанците се генетски инфериорни споредени со големиот божји Српски народ?!?! Па тие нејзини изјави дадоа масло на огнот на омразата по што се случија колежите во Сребреница и Сараево... И не само изјавите, туку и директната командна одговорност затоа што таа лично како претседателка на Република Српска командувала со војската на Република Српска.

Затоа апелирам до активистите на СДСМ и владејачкото мнозинство да не и сервираат пенали, да не и даваат простор да глуми некаква жртва, кутра бабичка која е под напад на некакви дивјаци кои не поштоваат една учена дама итн итн...

Не е таа никаква дама, таа е една расипана вештерка која 12 години молчеше додека патевме под чизмата на режимот, за сега да се бори со сета сила тој, режимот, да се врати за да продужи да не гази.

Предлагам да се држиме до следната стратегија:

- Да не ја напаѓаме за тоа што била стара и дртава, ќе не обвини со право дека сме шовинисти... Со тоа ќе стане жртва и ќе лови симпатии, а всушност заслужува презир затоа што е национал шовинистка, опортунист, се пали на диктатура и на автократи!

- Да не ја напаѓаме за тоа што е жена, може и нашиот кандидат ќе биде жена, а и да не биде, сепак нема ништо страшно што е жена, страшно е што е страшна злобна фашистка маскирана во универзитетски професор и интелектуалец!

- Да не ја напаѓаме за тоа што била поврзана со Сорос, тоа дури ја прави цивилизирана, разумна, ја китиме со перја кои и давѕаат тежина и суштина, а таа тоа го нема, тоа што Хорхе, Илче Гебелс и Сиљановска едно време соработувале со Сорос е само една од неуспешните мисии на Сорос фондацијата, а секоја фондација има право и да промаши. Да ве потсетам дека Цаци и Сарма добија веб сајт со пари од Американска Амбасада па потоа тој веб сајт го направија медиско упориште на режимот!

- Да не ја напаѓаме затоа што во 90-тите била блиска до СДСМ, пак и даваме аргументи со кои ја правиме мудра и разумна, да се биде со СДСМ во 90-тите беше знак на разум и државотворност, тоа значеше да си заедно со Киро Глигоров против крвавите војни кои ширеа ужас и хаос по цела екс Југославија во 90-тите. Не беше СДСМ идеална во 90-тите, но сепак ја создаде независна Македонија и ја спреми државата и економијата за капитализам и пазарно општество, некои тоа го викаат матна приватизација, донекаде беше матна, но беше болна затоа што мораше така да биде, ако не беше болна, тогаш денеска ќе бевме Белорусија или Северна Кореја каде државата управува со економијата и сите гладуваат...

Има доволно простор за напад кон Сиљановска, но не дека е стара излапена бабичка блиска до СДСМ и Сорос.

Не, туку дека е една злобна опортуниска фашистка која 12 години молчеше за злото на режимот, со мал исклучок со протестите на студентите чија мака беше комична споредено со сите други зла на режимот, политичарка која не се срами да биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ, мафијашка апашка фашистичка организација која сеуште не собра храброст да се извини ниту за 12 години пљачка, ниту за 12 години диктатура проследена со одмазди кон политички противници и претепување новинари и затворање медиуми и платена пропаганда со државин пари, ниту за 12 години уназадување на земјата во сите аспекти, ниту за 12 години лутање геостратешки што подалеку од Вашингтон и Брисел ниту пак за крвавиот 27-ми април, кој за партијата сеуште е патриотска реакција на провокација од страна на владејачкото мнозинство кое се обидело да направи државен удар со тоа што решило да си изгласа свој спикер на собранието по основ на демократско легитимно мнозинство во парламентот!??!

Што вика професорката по уставно право за ова, се согласува ли со тезата на партијата која ја предлага за претседател?!?!

Самиот факт дека таа гордо се шеташе со еден Хорхе Иванов е доволен САМО-НАПАД, самоутепанство политичко, нема потреба да и даваме повод да глуми некаква жртва и да се лигави!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија