Премире, те молам најдете време и изгледајте ја на седница на влада најновата емисија КОД на Снежана Лупевска посветена на автобуската несреќа кај Ласкарци, таму ќе видиш која беда од држава сме ние, те молам преземи нешто, веднаш да купите 10 возила за брза помош и 10 нови камиони за гасење пожар и еден багер!

Објавено на 20.02.2019 во 18:48:04 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Господе боже, мила мајко, ццц...

Требаше да се случи ваква страшна несреќа за да дознаеме дека Скопје, град со 1 милион народ има само 8 возила за брза помош?!?!?!

Самиот директор во емисијата вика, жива среќа што ни излегоа во пресрет Систина и Промедика и што другите градови ни пратија возила на помош?!?!

Понатаму вика, исто така жива среќа што тие 3 саата на никој во Скопје не му се слоши иначе ќе требаше да му кажеме сам да се снаоѓа со такси?!?!?!

Потоа во емисијата дознаваме дека Скопје има само 5 против пожарни возила кои се стари и по 50 години, најновото само едно е купено 2005-та, пред 15 години?!?!

Како бе вака бе дечки?!

И круна на емисијата беше моментот кога самата шефица на лекарите од Брза Помош но и шефот на пожарникарите самите признаваат пред камера дека све било џабе ако не дошол некој багер од некоја локална фирма во Ласкарци за да го кренат автобусот инаку тие само со саати ќе можеле само немо да гледаат и да им даваат вода на повредените и приклештените од автобусот?!?!?!

АМАН БЕ МАКЕДОНИЈО?!?! АМАН БРЕ НАРОДЕ?!! ЕДЕН МОЧАН БАГЕР ДА СЕ НЕМАЛО, А СЕ ИСКРАДОА МИЛИЈАРДИ ЕВРА, ДАДОВМЕ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА СПОМЕНИЦИ И ФОТНАНИ И ФАСАДИ, А НЕМАМЕ ЕДЕН МОЧАН БАГЕР ВО СЛУЧАЈ ДА НИ СЕ ПРЕВРТИ АВТОБУС?!?!?

Премиере, те молам на владина седница пуштете ја емисијава на Лупевска и веднаш донесете акционен план како ова да се реши за пак да не ни се повтори!

Што ако премиере несреќата се случеше некаде во пустелија како мое Кратово или Мариово каде багер има на 100 километра растојание, како ќе се спасат тие луѓе?!?!

Против-пожарните екипи во големите градови, Скопје, Куманово, Битола, Штип, Велес, Охрид мора да имаат на располагање еден багер со приколка која ќе се закачува позади камион и ќе се влече до местото на несреќата за да може багерот да го сврти возилото било да е камион, комбе, автобус итн за да може да се извлечат на време повредените.

Мораме да бидеме спремни да им помогнеме и служиме на граѓаните!

Како може да се најдат пари за службени возила за директорите а да нема пари за нови возила за брза помош и против пожарни камиони и багери?!?!

АЛО ПРЕМИЕРЕ, ТЕ МОЛАМ, НАРОДОТ МОРА ДА БИДЕ НА ПРВО МЕСТО, НЕ ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ПОЛИТИЧАРИТЕ И МОЌНИЦИТЕ!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија