НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ НА ВМРОНИТЕ: Мицковски, Груевски и Јанакиевски делуваат синхронизирано како во најдобрите времиња на Груевизмот!

Објавено на 21.02.2019 во 17:29:55 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сите ние наивните и утопостите се понадевавме дека полека ВМРО ДПМНЕ ќе се реформира, полека ќе се трга од Грујо и Мијалков, дека кај да е ќе се извини за 27-ми април, за 12 години пљачка и режим, дека ќе заличат на нормална пристојна разумна одговорна современа десничарска партија...

АМА УТРЕ САБАЈЛЕ!!! НА КУКОВО ЛЕТО! КОГА ВРБАТА ЌЕ РОДИ ГРОЗЈЕ! КОГА ЌЕ СИ ГО ВИДИМЕ СИТЕ ТИЛОТ! КОГА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НА СВЕТСКО У ФУДБАЛ!

Сакате доказ? Ви текнува ли како пред една недела Грујо во интервју за Инфомакс кажа дека избегал во Унгарија затоа што Заев дал наредба да биде убуен во затвор?

И по една недела, оп, Мицковски на прес го обвинува Заев дека нарачувал убиства?!

По еден ден, Миле Јанакиевски и Спире глумат претепани и ја вадат јавноста од памет, иако немаат никакви повреди по инициран и предизвикан инцидент во заворот Шутка?

Која е пораката, Грујо е во право, навистина Шутка е полигон за физичка елиминација на вмровци?!

Гледате ли како овде владее тотална синхронизавија како во најдоброто време на Груевизмот кога режимот беше една соврешна подмачкана моќна машина која гази се пред себе?!

Епа сега таа машина е само една комична тенекија која служи само за потсмев!

Кои се ова коминчни ропаци и аматери и кретени!

Па зарем се уште се кладат на картата дека македонскиот народ е удрен со мокра чорапа?!

Може базата на ВМРО ДПМНЕ е удрена со мокра чорапа, ама не и целиот народ, сите граѓани на оваа земја, одамна сите прогледавме и сега дуваме и на јогурт!

Да не го додавам тука и односот со медиумите преку Алфа ТВ, од каде продуцираат едно цунами на лажни вести, популистички и националистички хистерии, црна пропаганда, рекла казала будалаштини...

Да не ја споменувам фарсата со Гордана Сиљановска која е реприза на фарсата со Хорхе...

Значи не им иде памет на овие, они не знаат другачие, еднаш научена метода и навика трае засекогаш, тешко се менува свеста на некои луѓе, треба нови луѓе, нови светопогледи, нови лица, нов памет во белиот дворец, овие испрдоци Груевистички се веќе видено, и пасе!

Зарем Мицко навистина да го врати ВМРО ДПМНЕ на власт со вакви пацерски комични идиотски мајмунарии?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија