ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР: По наредба на Заев и Спасовски, полицијата ги праќа на вонреден технички преглед сите автобуси, минибуси, комбиња во земјава, се што превезува патници!

Објавено на 22.02.2019 во 11:20:12 часот | Македонија

Сите автобуси, минибуси и комбиња овие денови се сопирани од полицијата и се препраќани на вонреден технички преглед.

Ова дознаваме неофицијално е по наредба на Заев и Спасовски со цел да се спречат идни несреќи како таа кај Ласкарци.

За жал. многу од автобусите се покажале како неисправни.

Еве што велат од МВР со официјално соопштение за тоа што било најдено само во Скопје, иако акцијата се одвива во сите градови:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера извршило контрола на 49 автобуси и сите биле испратени на вонреден технички преглед затоа што биле констатирани дури 16 недостатоци.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 8 часот до 13 часот спроведе зајакната акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Од страна на полициски службеници контролирани се 49 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. Сите возила се упатени на вонреден технички преглед, при што биле констатирани вкупно 16 неисправности и други недостатоци. Кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај две уредот за управување, три имале неисправни светлосно-сигнални уреди, а едно неисправни останати уреди., додека две возила немале комплетна опрема“, се вели во информацијата од МВР.

По оваа контрола, биле преземени 44 мерки и тоа: поднесени се 12 барања за поведување прекршочна постапка, издадени се 18 прекршочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај.

„Исто така, при акциската контрола, откриени се и два други прекршоци што ги сториле автобуси и други возила што вршат јавен превоз. Додека, исто така, откриени се 12 прекршоци кај останатите учесници во сообраќајот и на нив им се издадени девет мандатни платни налози и три прекшочни платни налози“, се вели во соопштението.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет